Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за земјоделците кои сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година.
Согласно Одлука на Влада, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.