Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделските стопанства дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјдоелството за 2023 година, за растително и сточарско производство.
Продолжувањето на рокот за аплицирање за субвенции 2023 е по барање на земјоделците, со цел да се овозможи на сите земјоделски стопанства кои досега не аплицираа, навремено да ги поднесат своите барања.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој им стои на располагање на сите земјоделски стопанства за професионална подготовка на е барањето.