Во најголем дел од државата времето денес ќе биде променливо облачно со локални дождови. Дневните температури ќе се движат од 12-20 степени.
За утре се предвидува претпладне облачно со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец, прогнозираат од УХМР.
Температурите ќе се движат во интервал од 6-13 за утринските , а од 15-21 за дневните.
Според метеоролозоте вакво време ќе се задржи до крајот на седмицата.
Според агрономите влагата е добредојдена за есенската сеидба.
СЦЗРР