Пченица

Пченица

Агротехнички мерки

Во наредниот период актуелна е припремата на површините за есенската сеидба на пченица. Секој земјоделски производител на земјоделски култури треба задолжително еднаш на 5 години да прави почвена анализа. Оваа анализа се прави за да може соодветно да преземи навремени и прецизни агротехнички мерки кои ќе придонесат за зголемување на квалитетот и квантитетот на културите.

Пред започнувањето на сеидбата на пченицата од огромна важност за самата култура е припремата на површината. Пред да се започне со основната обработка на почвата се препорачува да се ѓубри површината со Азот, Фосфор и Калиум во однос 2:1:0,7. Распоредот на ѓубрењето се прави така што фосфорот и калиумот се додаваат целосно пред основната обработка, а додека азотот се дава 1/3  од вкупната количина. Остатокот на азот се додава на пролет како чист азот.

Основната обработка на површината се прави не поплитко од 20см со орање  и тањирање на површината. Оптималната сеидба на пченицата треба да биде извршена во периодот од 5 до 20 октомври. Изборот на сортата на семе е значајна заради повеќе фактори како што се :

  • Потенцијалниот принос на сортата
  • Адаптибилноста
  • Толеранцијата на рѓа
  • Толеранција на болести
  • Толеранција на полегнување и
  • Хектолитарска маса

Оптималната густина на сеење ја одредува сортата и се движи од 400-500 зрна на м2. Количината на семе треба да се движи опд 180 до 200 кг во услови на добра предсеидбена припрема т.е. во оптималниот рок на сеидба до 20 октомври. Кога сеидбата е после овој период количината на семе треба да се зголеми.

Прихраната треба да се изврши во два наврати во зависност од извршената почвена анализа. Првиот пат прихраната се дава во рана пролет, а додека втората прихрана се дава покасно за да обезбеди што повеќе протеини во зрното. Како прихрана се користат уреата и амониум нитратот.

Заштитата се прави превентивно напролет со фунгицид и хербицид веднаш штом започне вегетацијата и вториот третман се прави со фунгицид и инсектицид на почетокот на цветањето.

СЦЗРР