Садењето на лубеницата најчесто се врши на пролет, кога почвата ќе ја достигне соодветната температура за ртење на семето, а температурата на воздухот е стабилна. Во зависност од климатските услови, најдоброто време за сеидба може да варира, но обично е помеѓу април и мај.
Почва
Пред сеидбата треба да се подготви почвата така што да биде собро иситнета и богата со хранливи материи. Лубениците претпочитаат почва со pH помеѓу 6 и 7,5, добра дренажа и многу сончева светлина.
Со цел да се поттикне ртењето на семето, пред садење семките лубеница треба да се потопат во вода и да се остават да преноќат.Семето потоа може да се сади директно во почвата или може да се започне со садење во затворен простор, а подоцна да се пресади на отворено.
Садење на лубеници
Семето треба да се сади на длабочина од околу 2,5 до 3 см, а растојанието помеѓу редовите да биде околу 2 метри, а помеѓу растенијата во редот околу 90 см.
Важно после садењето е редовно да се наводнуваат за да се обезбеди оптимално ртење и раст на младите растенија. Исто така, се препорачува употреба на ѓубрива за поттикнување на растот и развојот на растенијата.
Лубениците најдобро се одгледуваат во топла и сончева клима, а со соодветна грижа и одгледување, можете да уживате во сочно, слатко овошје во текот на летото, пишува Агросавјет.
СЦЗРР