Со резолуција на Генералното собрание на ОН од 2017 година 20 мај е Светски ден на пчелите. Прв пат овој ден се обележа во 2018 година во словенечкото село Брезница, родното место на Антон Јанша, пчелар и пионер на модерното пчеларство. Неговиот роденден, 20 мај, беше избран да се одбележува секоја година како Светски ден на пчелите.
Целта е да се подигне свеста кај младите и јавноста за важноста на пчелите и другите опрашувачи за човештвото, во поглед на обезбеденоста со храна и искоренување на гладот на глобално ниво, како и грижата за животната средина и биодиверзитетот.
Интересни факти за пчелите
Тежината на пчелата е 0,1 грам.
Пчела има пет очи.
Пчелата во просек живее од 50 – 60 дена во лето, во зима до 150 дена.
Пчелата мавта 200 пати во секунда.
Пчелите меѓусебе комуницираат во вид на танц.
За да им пренесе информација на други пчели каде има извор на храна пчелата прави кружни движења околу својата оска.
Пчелата лесно може да лета на долги растојанија и секогаш да се врати дома.
Пчелите се карактеризираат со високо развиени мирисни рецептори.
На растојание од еден километар, пчела може да намириса цвет.
Пчелата треба да посети околу 10 милиони цвеќиња за да собере еден килограм мед.
Пчела може да помине повеќе од 12 хектари дневно.
За еден ден, пчелата може да собере 200 мг полен.
Во просек, за пчелна колонија потребни се 30 килограми мед годишно.
На едно пчелно семејство му требаат околу две чаши вода на ден.
Пчелата игра голема улога во опрашувањето на земјоделските растенија.
СЦЗРР