Отако ќе се произведе зеленчукот складирањето мора да се направи правилно со цел производите што подолго да ги задржат своите органолептички и нутритивни карактеристики. Во продолжение ви нудиме неколку совети како да го чувате зеленчукот?
Компири
Компирот е зеленчук кој за разлика од другите зеленчуци бара повеќе топлина. Тој не треба да го сместувате во фрижидер бидејќи ќе се промени неговиот квалитет и вкус. Најдобро е да се чува на темно и ладно место, најдобро во визба. Температурата на која се чува компирот треба да се движи од 4-5°С. Компирот не смее да се чува во близина на јаболка. Јаболката испуштаат етилен кој предизвика расипување на компирот.
Лук и кромид
Исто како и компирот лукот и кромидот не се чуваат во фрижидер. Подолго време ќе останат свежи и вкусни доколку ги чувате на ладно и суво место со добра вентилација. Обично производителите ги плетат во венци. Може да се чуваат во торби, но идеално е да се ставаат во мрежи. Температурата треба да биде воинтервал од 5-8°С.
Моркови и цвекло
Како и сотанатите коренови култури, морковот и цвеклото треба добро да се исчистат од земјата. Може да се чуваат во кутии со ред песок или тресет. Се чуваат на ладно и темно место. За разлика од компирите , лукот и коромидот кои треба да се чуваат на повисоко место во визбите, морковите и цвеклото се чуваат на дното од вашата визба. Доколку сакате цвеклото може да го сварите и со додавање на вински оцет да се чува во тегли.
Пиперки
Постојат многу сорти на пиперки. Уште се користи оној стар начин на сушење на пиперките во низи. Пиперката во свежа состојба не може долго да се чува. Потребно е да се чува на ладно и темно место до нејзината употреба за консумирање или преработка. Во денешно време пиперката се користи за производство на разни специјалитети.
Домати
Доматите се специфичен зеленчук кој не треба да се чува во фрижидер. Најдобро е да се чуваат на собна температура и подалеку од директна светлина. Доколку надворешните услови не се повеќе поволни за зреење, може да ги соберете доматите додека се зелени.Ставете ги во плиток сад и во незагреана просторија. Наредете ги во еден слој и по можност одделени еден од друг. За еден месец, а можи и порано доматите ќе узреат. Доколку е температурата пониска потребно им е подолго време за зреење и обратно.
Зелена салата
Зелената салата е од оние зеленчуци што најбрзо се расипува. Обично кај зеленчукот се препорачува миење пред самото консумирање. Ова е зеленчук што се чува во фрижидер, но претходно треба добро да се измие, исуши и да се стави во пластичен сад со дупки.
Тиквички
За разлика од коренестиот зеленчук тиквичките сакаат повеќе топлина. Најдобро се чуваат на температура од 10-18 степени, И повисока и пониска температура се одразува на нивниот квалитет.
СЦЗРР