СЦЗРР  реализира средба со земјоделци од општина Битола

СЦЗРР  реализира средба со земјоделци од општина Битола

Советодавниот центар за земјоделство и рурален развој Битола го реализира третиот советодавно информативен настан, овој пат со земјоделци од општина Битола.

Присутните имаа можност да ги слушнат можностите што ги нуди ИПАРД 3 Програмата 2021-2027година, со акцент на Мерка 1 Инвестиции во материјални средства во земјоделско производство.

ИПАРД програмата ќе поддржува инвестиции во повеќе сектори: растително производство, сточарско производство, производство на риби, преработка и маркетинг на сопствено производство и производство на енергија од обновливи извори.

Од оваа , а и од претходните средби заклучокот е дека програмата нуди можности и има интерес за вложување во нови инвестиции.

Поддршката е по принципот на ко-финансирање чиј процент се движи од 60-75% во зависност од инвестицијата.

Новина во новите повици, што допрва треба да следуваат е дека по склучувањето договор за финансиска поддршка за некоја инвестиција ќе следи авансно плаќање, со цел апликантот да може да ја почне својата инвестиција. Останатиот дел ќе му биде исплатен на крајот од реализацијата на инвестицијата, кога се поднесуваат документи за поврат на средства.

Најмалата вредност за прифатливи трошоци зс ко-финансирање е 10 000 евра, а најголемата  е 750 000 евра по повик или до крајот на програмата 2027 година вкупно 1 500 000 евра.

И за овој настан наши соработници беа фирмите добавувачи на земјоделска механизација:

Евро – Стил, Хемометал и Агровојводина.

СЦЗРР ќе продолжи да работи во насока на информирање и помагање на земјоделците да го одберат најдоброто за нивниот бизнис.

СЦЗРР