Советодавен Центар за земјоделство и рурален развој „ДООЕЛ Триумф Консалтинг“ Битола презема активности во пресрет на новите повици од ИПАРД III Програмата.
За таа цел ќе организираме советодавно информативен настан со наслов:
„Инвестирај во земјоделството“
– Искористи ги можностите од ИПАРД III програмата
-Како да изградам модерна фарма?
-Како да набавма опрема и механизација?
-Како да изградам објект за потребите на земјоделското?
-Како да инвестирам во иновативни системи и технологии во земјоделското производство?
-Како да го зголемам приносот на пченка?
За да се справи еден земјоделец со сè она што го побарува земјоделската дејност потребни се многу труд, знаење, посветено време и секако инвестиции.
Информирајте се на време, испланирајте ги вашите инвестиции и бидете во чекор со она што науката и технологијата го овозможуваат за развојот на земјоделскиот сектор.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој „Триумф консалтинг“ им помага на сите заинтересирани лица инвестициите да ги искористат во вистинско време и на вистински начин.
Бидете со нас на советодавно-информативниот настан во следните термини:
15.02.2023година со почеток од 15 часот општина Могила;
17.02.2023година со почеток од 15 часот општина Новаци;
22.02.2023година со почеток од 15 часот сала на Совет на општина Битола.
Следете нè на веб страницата www.sovetodavna.mk и на социјалните мрежи и информирајте се. Само добро информирани едуциран земјоделец може да се справи со сите предизвици што ги носи новото време.
СЦЗРР