Уредба за поблиските критериуми за дирекните плаќања(субвенции).

Уредба за поблиските критериуми за дирекните плаќања(субвенции).


Поблиските критериуми во растителното производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година по површина земјоделско земјиште, единица земјоделски производ и висината на директните плаќања во зависност од видот на културата се следни:
1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе
-Корисници на оваа подмерка се зепмјоделски стопанства кои во производната 2024/2025 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, тутун, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и едногодишни и повеќегодишни лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе;
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2024/2025 година, со исклучок на тутунот каде што минимум засеаната површина е 0,2 ха и цвеќето за кој минимум засадена површина во 2025 година е 0,2 ха;
-Висината на директни плаќања за сите наведени култури од алинејата 1 од оваа подмерка, без употреба на сертифициран семенски материјал изнесува 6.000 денари по хектар, освен за оризот каде што висината на поддршката изнесува 21.000 денари по хектар со исклучок на сортата чистач (clear fields) коja не е опфатенa со оваа подмерка;

  • Висината на директните плаќања за пченица, јачмен и пченка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 13.000 денари по хектар;
  • Висината на директните плаќања за сончоглед и маслодајна репка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 10.500 денари по хектар;
  • Висината на директните плаќања за ориз, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 28.000 денари по хектар со исклучок на сортaта чистач (clear fields) која не е опфатена со оваа подмерка;
    -Листата на едногодишни засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања согласно алинејата 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на оваа уредба;
    -Листата на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања за алинеја 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на оваа уредба;
  • Табелата за минимално употребената количина на семе по хектар е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на оваа уредба и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 05 до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури. 1.2. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка
  • Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
  • Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2024 година и пролет 2025 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2025 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на афион за производство на опојни дроги;
  • Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и количините произведени за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
  • Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го употребиле за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во Регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи;
    -Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка и 300 кг/ха за афион;
  • Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 05 до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
    1.3. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за градинарско производство на отворено и во пластеници
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и обрани површини со следниве градинарски култури: домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус и ротквици;
  • Минимум засеана површина за сите култури е 0,2 ха збирно за сите култури;
  • Висината на поддршката за домати, пипер, краставици, корнишони, зелка, грав, компир, карфиол, морков и изнесува 30.000 денари по хектар;
  • Висината на поддршката за лубеница, диња, модар патлиџан, цвекло, тиква, кромид, боранија, грашок, кељ, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, целер, пашканат, аспарагус и ротквици изнесува 12.000 денари по хектар и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 50 ха 60%, од 50 ха до 100 ха 30% и над 100 ха 10% збирно за сите градинарски култури.
    1.4. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставица
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства производители на домати, пиперки и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и производството да е продадено на домашен пазар или остварен извоз во период од 1 јануари до 15 мај 2025 година и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба;
    -Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 120.000 денари по хектар;
    -Висината на поддршката за оранжерии кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 50.000 килограми по хектар, пиперки 30.000 килограми по хектар и краставици 80.000 килограми по хектар и
    -Висината на поддршката за пластеници кои се загреваат е условена со минимални просечни приноси: домати 20.000 килограми по хектар, пиперки 15.000 килограми по хектар и краставици 32.000 килограми по хектар.
    1.5. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети
    -Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.3. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 година до 25 декември 2025 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
    -Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 4 денари односно 5 денари по килограм за предадените количини во период мај-јуни 2025 година и ноември-декември 2025 година
    1.6.Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
  • Висината на поддршката за јаболко изнесува 42.000 денари на хектар;
  • Висината на поддршката за слива, цреша и праска изнесува 37.000 денари на хектар;
  • Висината на поддршката за вишна, кајсија и круша изнесува 34.000 денари на хектар;
  • Висината на поддршката за јапонско јаболко, и калинка изнесува 25.000 денари на хектар;
  • Висината на поддршката за лешник, орев, бадем, јагода на отворено, малина, капина боровинка, дуња, мушмила, актинидија, маслинка, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери и питом костен изнесува 12.000 денари на хектар и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30%.
    1.7. Дополнителни директни -Корисници на оваа подмерка се плаќања од подмерка 1.6. за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболко, праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.6. од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
    -Оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 година до 25 декември 2025 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје;
    -Оствареното производство на јаболко да е предадено во преработувачки капацитет или кај регистриан откупувач директно или преку еден регистриран откупувач за период од 15 август 2024 година до 31 јануари 2025 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје;
  • Висината на поддршката за културите од оваа подмерка изнесува 3 денари по килограм за сите овошни култури освен за малина каде поддршката изнесува 5 денари по килограм и
  • Висината на поддршката за јаболко изнесува 2 денари по килограм

    1.8. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
    -Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2024 година;
    -Висината на директните плаќања изнесува 42.000 денари по хектар за сите лозови насади и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.
    1.9. Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2024 година
    -Корисници на оваа подмерка се физички и правни лица кои своето производство на тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи и
    -Висината на директните плаќања изнесува 100 денари по килограм за I-I класа, 70 денари по килограм за I-II класа, 60 денари по килограм за I-III класа, II-I класа од ориенталните дополнителни тутуни, од типовите Прилеп и Јака.
    1.10 Директни плаќања за купени и посадени лозови или овошни садници од домашно производство за подигање нови насади или реконструкција на постоечки
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство набавени од правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал регистрирани согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија за подигање на нови насади или реконструкција на постоечки;
  • Висината на поддршката изнесува 35 денари за купен и посаден лозов садник и 40 денари за купен и посаден овошен садник во период од 1 ноември 2024 година до 31 март 2025 година;
  • Минимално прифатлива посадена површина изнесува 0,2 ха;
    -Прифатлив број на купени и посадени овошни садници по хектар изнесува најмалку 300 садници по хектар, а најмногу
    1.500 овошни садници по хектар;
  • Прифатлив број на купени и посадени лозови садници по хектар изнесува најмалку 1.389 саднци по хектар, а најмногу
    4.000 садници по хектар и
  • Максималниот износ на поддршка по корисник за оваа подмерка изнесува 240.000 денари.
    1.11. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за производство на предосновен, основен и прва генерација (Ц1) семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале, добиточен грашок и тутун
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои се корисници на подмерка 1.1. на оваа уредба и имаат произведен и продаден или користен за сопствени потреби предосновен и основен семенски материјал за пченица, јачмен, ориз и тритикале во 2025 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
    -Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои се корисници на подмерка 1.1. на оваа уредба и имаат произведен материјал од пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок од прва генерација (Ц1) во 2025 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, а семенскиот материјал да е продаден до 1 март 2026 година, додека за оризот да е продаден до 31 мај 2026 година;
  • Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат произведен семенски материјал од тутун од прва генерација (Ц1) во 2025 година и имаат добиено конечни сертификати согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
    -Минимална прифатлива сертифицирана количина за тутун е 70 кг/ха пријавена површина;
    -Минимална прифатлива сертифицирана количина за предосновен и основен семенски материјал за пченица, јачмен, ориз и тритикале е 2,5 тони по хектар пријавена површина, но не повеќе од 8 тони по хектар;
    -Минимална прифатлива сертифицирана количина за сточен грашок е 1 тон по хектар пријавена површина, но не повеќе од 1.5. тони по хектар;
    -Висината на поддршката од алинеја 1 од оваа подмерка за произведен и продаден или користен за сопствени потреби предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм;
    -Висината на поддршката од алинеја 2 од оваа подмерка за произведен и продаден семенски материјал од прва генерација (Ц1) изнесува 4 денари по килограм и
    -Висината на поддршката од оваа подмерка за тутун изнесува 80.000 денари/ха.
    1.12. Директни плаќања за производство на сертифициран посадочен материјал за градинарски култури од видовите пипер, домат и краставица
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на саден материјал кои имаат произведен и продаден посадочен материјал за градинарски култури од видовите пипер, домат и краставица на домашен пазар од 1 март до 30 август 2025 година и имаат минимален производен капацитет од 500.000 млади растенија годишно со сертификат за конечно сертифицирање и имаат склучени договори за производство на посадочен материјал со производители не подоцна од 1 март 2025 година и
    -Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по продадено младо растение по цена не пониска од 15 денари кое е произведено во заштитени простори наменети исклучиво за производство на расаден материјал во санитарно-исправни безвирусни услови со: употреба на сертифициран хибриден семенски материјал; спроведено Интегрирано управување за справување со штетници за следење на заболувања (Integrated Pest Management System); на подигнати табли за одгледување на растенијата од површината на земјата од најмалку 80 см и покриен под; со компјутеризирани оперативни системи: систем за наводнување, за контрола на присаство на штетници, инсекти и болести, систем за климатско одржување на потребните услови, и во заштитени од контаминација логистички системи на дотур на суровини и складирање на расадот.
    1.13. Директни плаќања за производство на цвеќе во ин витро услови
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистар на снабдувачи на саден материјал кои имаат произведено и продадено младо растение од родот Орхидеи вид Phаlaenopsis во ин витро услови во период од 1 јануари до 15 мај 2025 година и
    -Висината на директните плаќања изнесува 10 денари по продадено младо растение кое е произведено во ин витро услови со микро размножување и користење на хранливи агарски подлоги кои имаат желатинска структура во соодветни услови и максимален број на млади растенија е 615.000 по корисник.
    1.14. Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои располагаат со обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во време од една година и на истата е спроведена најмалку една од следните агротехнички мерки најдоцна до 15 јули 2025 година и тоа :
  1. угарење односно заорување на површината;
  2. зелено ѓубрење односно сеидба на мешавина од житни и протеински култури за зелено ѓубрење и нивно заорување во рана пролет;
  3. косење, мулчирање или било каков метод на обработка што целосно ќе спречи несакан развој на вегетација;
  • Минималната прифатлива површина за која се исплаќа финансиската поддршка изнесува 25% од вкупно пријавената површина збирно за подмерките
    1.1. и 1.3. од оваа уредба и
  • Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по хектар доколку за оваа подмерка за која се пријавува има поднесено барање за таа парцела од Системот за идентификација на земјишни парцели (во натамошниот текст: СИЗП) во претходната година по обработлива земјоделска површина со поледелски и/или градинарски култури.
    1.15. Директни плаќања за одржување на ливади
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои располагаат со ливади, а се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и во СИЗП и се користат за косење на ливадата;
    -Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи;
    -Минимум површина со ливади е 1 ха и
    -Висината на директните плаќања за ливада изнесува 6.000 денари по хектар.
    1.16. Директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според одобрена висина на поддршка за директни плаќања за растително производство и сточарско производство, која не надминува 30.000 денари
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година за подмерките од член 2 ставови (2) и (3) од оваа уредба и за кои висината на одобрените директни плаќања не надминува 30.000 денари и
    -Висината на поддршката изнесува дополнителни 10% од утврдената висина по подмерките од член 2 ставови (2) и (3) од оваа уредба.
    (3) Поблиските критериуми во сточарското производство од дел III од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година по грло добиток и висината на директните плаќања во зависност од видот на добитокот се следни: Број на подмерка Име на подмерката Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања
    2.1. Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 18 месеци
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.3. од оваа уредба или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.4. од оваа уредба;
    -Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна;
    -Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 1 грло до 100 грла 100%, од 101 грла до 150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20% и
    -Висината на директните плаќања изнесува 8.000 ден по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 18 месеци.
    2.2. Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и
    -Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2025 година.
    2.3. Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
    -Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од јануари 2025 година до декември 2025 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
    -Минимална прифатлива количина млеко изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство;
    -Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и
    -Висината на директните плаќања изнесува 7 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко.
    2.4. Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2024 година до април 2025 година и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето пред денот на предавањето во кланичен капацитети;
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци, да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин, а за сите останати раси или мешавини од различни раси да имаат минимална тежина од 250 килограми и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет и
    -Висината на директните плаќања изнесува 6.000 денари по продадено или заклано грло говедо за следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво и лимузин, а 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.
    2.5. Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на регистрирани говеда кои имаат оплодена крава/јуница по пат на В/О и добиено и регистрирано теле во период мај 2024 април 2025 година;
    -Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по добиено и регистрирано теле и
    -Висината на директните плаќања за добиено и регистрирано женско теле по пат на примена на полово преддефинирано семе (sex semen) изнесува 4.000 денари.
    2.6. Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година;
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
    -Корисниците во 2025 година треба да имаат предадени или заклани јагниња во регистриран кланичен капацитет најмалку 50% од бројот на декларираните грла овци во барањето за финансиска поддршка од оваа поддмерка и
    -Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло.
    2.7. Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и
    -Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло.
    2.8. Дополнителни директни плаќања од поддмерките
    2.1., 2.6. и 2.7. од Програмата за финансика поддршка во земјоделството за 2025 година за зголемен пријавен број на грла во основно стадо (говеда, овци и кози) во однос на бројот за кој е одобрена финансиска поддршка од претходната календарска година за подмерките
    2.1., 2.8. и 2.10. од дел III од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година
  • Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено зголемен број на грла во основното стадо на говеда, овци и кози од претходната календарска година, запишани во Регистерот на одгледувалишта на животни и се корисници од поддмерките 2.1., 2.6. и 2.7.
    од оваа уредба;
  • Висината на директните плаќања изнесува 30% од утврдената во подмерките 2.1., 2.6. и 2.7. од оваа уредба и се однесува на зголемениот број оставен од сопствено стадо или купени грла и
  • Прифатливиот зголемен број на грла во основното стадо на говеда, овци и кози е до 30%.
    2.9. Директни плаќања за женски приплодни грламаторици
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум пет грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и
    -Висината на директните плаќања изнесува 4.000 денари по грло-маторица.
    2.10. Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку 20 гоеници во период од мај 2024 година до април 2025 година во регистриран кланичен капацитет и запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
    -Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми изнесува 1.000 денари по грло и
    -Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 20-15.000 грла 100%, од 15.001 до 25.000 грла 80% и над 25.001 грла 50%.
    2.11. Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и
    -Висината на директните плаќања изнесува 60 денари по пиле.
    2.12. Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и
    -Висината на директните плаќања изнесува 150 денари по несилка.
    2.13. Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди
  • Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година и
    -Висината на директните плаќања изнесува 10 денари за продадено пиле.
    2.14. Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
    -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства;
    -Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство;
    -На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
  1. да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
  2. да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
  3. да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и
  • Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 септември 2025 година.
    2.15. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.14. за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици
  • Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели во Агенцијата за храна и ветеринарство и се регистрирани одгледувалишта на пчелни матици во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или се земјоделски стопанства членови на регистрирано одгледувалиште на пчелни матици и
    -Висината на директните плаќања изнесува 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици.
    2.16. Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед
  • Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства и
    -Висината на директните плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2025 година.
    (4) Поблиските критериуми за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство (ПОМ) од дел I мерка 9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, како и висината на директните плаќања се следни:
  • корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство и се корисници од подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.6., 1.8. и 1.15 од ставот (2) на овој член и подмерките 2.1., 2.2., 2.6., 2.7., 2.9. и 2.14. од ставот (3) на овој член,
    -висината на директни плаќања за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство е 15% од директни плаќања утврдени во оваа уредба и се доделува на следниот начин:
    а) директни плаќања по површина обработено земјоделско земјиште кај сите пријавени парцели кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри согласно СИЗП за подмерките 1.1., 1.2., 1.3., 1.4., 1.6., 1.8. и 1.15. од ставот (2) на овој член и
    б) директни плаќања по грло добиток и пчелно семејство за регистрирани одгледувалишта во населени места со надморска висина поголема од 700 метри или со број на жители помал од 100 за подмерките 2.1., 2.2., 2.6., 2.7., 2.9. и 2.14. од ставот (3) на овој член.
    (5) Поблиските критериуми за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина од дел II став (1) код на мерка 214.3. од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, како и висината на директните плаќања се следни:
    1) За директни плаќања за грла говеда од автохтона раса буша:
  • корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум пет грла говеда од расата буша, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата буша кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
  • земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата буша согласно член 7 од Законот за зоотехника (*) и
  • висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по грло буша запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2025 година.
    2) За директни плаќања за грла овци од автохтона раса праменка (овчеполска):
  • корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум 30 грла овци од расата праменка (овчеполска), ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата праменка (овчеполска), кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
  • земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата праменка (овчеполска) согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
  • висината на директните плаќања изнесува 800 денари по грло праменка (овчеполска) запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2025 година
    3) За директни плаќања за грла кози од автохтона раса балканска коза:
  • корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат минимум 30 грла кози од расата балканска коза, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на кози и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата балканска коза, кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
  • земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата балканска коза согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
  • висината на директните плаќања изнесува 800 денари по грло балканска коза запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2025 година.
    4) За директни плаќања за грла говеда од автохтона раса домашен бивол:
  • корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат грла говеда од расата домашен бивол, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расата домашен бивол кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
  • земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата домашен бивол согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
  • висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по грло говедо запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2025 година.
    5) За директни плаќања за грла овци од автохтони раси праменка (каракачанска) и праменка (шарпланинска):
  • корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат грла овци од расата праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска), ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на овци и на денот на поднесување на барањето грлата се запишани во матична книга за расите праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска), кој ја води призната организација на одгледувачи регистрирана согласно член 6 од Законот за зоотехника (*);
  • земјоделските стопанства да ја спроведуваат одобрената одгледувачка програма за расата праменка (каракачанска) или расата праменка (шарпланинска) согласно член 7 од Законот за зоотехника (*);
  • висината на директните плаќања изнесува 7.000 денари по грло праменка (каракачанска) или праменка (шарпланинска) запишано во матична книга, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци и истото ќе го чуваат најмалку до 31 декември 2025 година.
    6) За директни плаќања за одгледување на стопанско корисно автохтоно овчарско куче шарпланинец и овчарско куче караман;
    -корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои одгледуваат овци и кози, кои поседуваат најмалку 50 грла овци и/или кози евидентирани во Регистарот на овци и кози, и на денот на поднесување на барањето се сопственици на педигрирани кучиња од расата шарпланинец и караман на кои е извршена идентификација со микрочип;
    -максимален број е седум пријавени кучиња по земјоделско стопанство;
    -висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари по куче и се исплаќа за куче од расата шарпланинец и караман кое е на возраст над шест месеци на 30 септември 2025 година.
    (6) Утврдениот минимум површина земјоделско земјиште и број на минимум грла добиток вклучително и минимум пчелни семејства во оваа уредба се намалува за 50% и тоа:
  • за земјоделски стопанства кај кои сите пријавени парцели се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри согласно СИЗП и се применува за подмерки 1.1., 1.3., 1.6. и 1.8. од ставот (2) на овој член,
  • за земјоделски стопанства кај кои сите пријавени одгледувалишта се регистрирани во населени места со надморска висина поголема од 700 метри или со број на жители помал од 100 и се применуваат за подмерки 2.6., 2.7. 2.10. и 2.14. од ставот (3) на овој член.
    (7) Корисници на директни плаќања се земјоделски стопанства кои ги исполнуваат барањата согласно Правилникот за листа на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина.
    (8) Во случај на несообразност со задолжителните барања или условите и посебните минимални услови за вкрстена сообразност, намалувањата или исклучувањата на корисниците од директните плаќања ќе се врши согласно Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност (*).