Усвоена е Програмата за рурален развој за 2023

<strong>Усвоена е Програмата за рурален развој за 2023</strong>

Усвоена е Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, со вкупна вредност од 1,3 милијарди денари, соопшти МЗШВ.

Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма со која се помага развојот и модернизацијата на домашното земјоделство, развојот и подобрувањето на условите за живот во селата.  

Неповратен грант од 10 000 евра

Земјоделците преку новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството добиваат можност со јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицирааат. Преку оваа мерка ставаме на располагање неповратен грат до 10.000 евра за модернизација и развој на македонското земјоделство.  

Продолжуваме со поддршката за младите земјоделци кој сакаат да започнат со земјоделска дејност преку грантот од 10.000 евра кој може да се исплати авасно до 40%, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Грант од 20 000 евра за поттикнуивање земјоделско производство

Со мерката поддршка за поттикнување на земјоделско производство обезбедуваме грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Овозможивме услови корисниците на оваа мерка поддршката да можат авансно да ја добијат до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ.

Грант од 6 000 евра за поддршкас на рурална жена

Продолжува и поддршката за руралните жени евидентирани во ЕРЗС, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, каде е обезбедена грант поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за развој на руралните средини.

Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој обезбедува поддршка за обуки и информирање на земјоделските производители, зајакнување на нивната соработка и поттикнување за економско здружување на земјоделските стопанства преку развој и поддршка на земјоделските задруги.

Обезбедена е финасиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села.

Програмата за рурален развој обезбедува и поддршка за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи преку учество на саеми и промотивни настани со цел отворање на нови пазари за пласман на домашните земјоделски производи.

Како успешна мерка и оваа година продолжува поддршката за авионско засејување на облаците. Мерка која има за цел превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделските посеви.

Обезбедени се средства за непречено извршување на активностите на Националната рурална мрежа, која е нова платформа, алатка по европски терк за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.

Како министерство креираме конкретни мерки за поддршка, развој и модернизација на македонското земјоделство, соопштуваат од МЗШВ.

МЗШВ

СЦЗРР