Фестивал „Млеко 2022“ во Прилеп

Фестивал „Млеко 2022“ во Прилеп

На 3 септември во Прилеп ќе се одржи фестивал „Млеко 2022“. Производители на сирења и други млечни производи ќе имаат можност да ги промовираат своите производи. Исто така може да се вклучат во дебатите на кои ќе се дискутира на теми кои се од интерес за проиводителите на млечни производи.

„Млеко 2022“ е настан што го организира по четврти пат Slow food Македонија. Овој пат домаќин на фестивалот е  Прилеп, град со богата традиција во производство на сирење. Организаторот ги повикува сите сточари, млекари и мандраџии да присуствуваат на овој настан и да ги презентираат своите производи. Настанот има продажен карактер така што посетителите ќе имаат можност да вкусат и да купат од изложените производи.

„Потрошувачите треба да знаат како треба да изгледа вистинско сирење со препознатлив вкус и достапно за секого. Доколку сте производител со мал обем на производство, се држите до традицијата или сте едно од последните жарчиња кои тлеат во оддалечените македонски села, топло ве покануваме да ни се придружите, на 3 септември 2022. Фестивалот ќе се одржи  во срцето на Прилеп околу саат кулата каде ќе бидат понудени чудесни мириси, бои и вкусови, вели Николче Николовски претседател на Slow food Македонија.

Богата фестивалска програма

Како што информира организаторот во рамки на фестивалската програма ќе се одржат и две конференциски сесии:

1.Каква е патеката на сирењето од пасишта до трпеза?

-проблеми и предизвици за малите производители на млечни производи,

-можности кои ги нуди новиот Правилник за производство и продажба на „куќен праг“

-позитивни примери од кај нас и од Европа

2.Како да го валоризираме биеното сирење, пред да го изгубиме?

-заштитени ознаки за потекло на сирењата-случај биено сирење,

-традиционалните сирења, двигатели на руралниот развој,

Ако го изгубиме млекото, ќе ги изгубиме и руралните региони.

Секој заинтересиран учесник треба да пополни пријава за учество. Повеќе детали за настанот и начинот на пријавување може да дознаете ТУКА.

СЦЗРР