Фолијарно ѓубрење

Фолијарно ѓубрење

Фолијарното ѓубрење претставува внесување на хранливи материи преку листот на растението. Ваков начин на ѓубрење се применува кога растението има доволно развиена лисна маса која ќе може да ги прифати хранливите материи.

Фолијарното ѓубрење или исхрана преку лист е многу полесенначин на  на исхрана, но не може да го замени класичниот внес на хранливи материи преку кореновиот систем. Фолијарното внесување на храна е подобро при внес на микроелементи кои на ваков начин  се внесуваат во помали количини.

Прихраната преку лист зависи од голем број фактори. Зависи од влажноста на површината на листот и нејзината старост, но и од влијанието на хидрометеоролошки фактори како температура, влажност, проток на воздух и сончево зрачење. Значајно дејство има и составот на применетиот раствор, односно неговата хемиска форма и PH вредноста.

Предности на фолијарната прихрана

-ѓубривото лесно се наносува;

-Растението побрзо ја носи храната преку листот  отколку преку коренот;

-Може лесно да се интервенира во сите вегетативни фази од развојот на растението;

-Ѓубрењето преку лист е добар додаток кога внесувањето на ѓубривото преку корен не е доволно за да се прехрани растението.

-Прихраната преку лист е корисна бидејќи му  овозможува на растението да преброди новонастанати ситуации;

-на сред стресни временски промени во природата;

-Ѓубрење преку лист овозможува аплицирање на оптимални количини на храна и без загадување на животната средина;

-Фолијарната прихрана може да влијае и на квалитативните својства на растенијата, како што се бојата и цврстината на плодот;

-Влијае на опстанокот на овошјето и зеленчукот на подолг временски период.

-Овој начин на прихрана не треба да се применува премногу често, бидејќи не ја заменува храната за растенијата. Вистинска храна за растенијата се: вода, сонце, јаглерод диоксид, кислород и минерални елементи. Со фолијарното ѓубрење се обезбедуваат само елементите кои се неопходни за нормално извршување на хемиските процеси во растението.

– Додавањето на одредена количина ѓубриво може да придонесе растението да се развива и да расте правилно, или пак да предизвика оштетување и смрт на растението ако количината е прекумерна. Најдобар начин да се одреди количината и видот на ѓубриво што им е потребно на растенијата е да се тестира почвата на секои три години.