Хемометал ДОО Битола

Хемометал ДОО Битола

Хемометал ДОО е фирмата која ја поддржа идејата на Советодавен центар за земјоделство и рурален развој за првата инфо сесија “Инвестирај во земјоделството“.

Компанијата Хемометал ДОО Битола е основана во 1990 год во Битола. Приоритетна дејност ѝ  е продажба на трактори , земјоделска механизација, опрема за фарми , градинарска опрема и ситна механизација.

Хемометал е генерален застапник за добро познатите брендови на трактори Солис од Индија, Зетор од Чешка и Хаттат од Турција. Во широката понуда има трактори од 26 коњски сили, се до 200 коњски сили зависно од потребите на  клиентите.

Исто така во широката палета на брендови нуди избор на приклучни машини соодветни за тракторите. Соработува со компании од Србија, Полска, Италија, Турција, Словенија, Индија и многу други.

Со своите  подружници ја покриваат цела територија на Македонија. Главното седиште е во Битола, потоа во Прилеп, Ресен, Росоман, Свети Николе, Скопје и Облешево.

Хемометал поседува и свој сервисен тим од обучени сервисери за редовни сервиси во и вон гарантен рок што овозможува брзо и ефикасно отстранување на дефектите. Сервисните експерти поседуваат сертификати за завршена обука во сервисните тренинг центри  на сите фабрики со кои соработуваат.

-Уште од самите почетоци целосно сме посветени кон развојот и унапредувањето на нашите клиенти, овозможуваме пристап до најсовремените производи кои се технички усовршени и со препознатлив висок квалитет. За било кој бренд што го работиме поседуваме соодветни оригинални делови  достапни во наашите продажни салони. Цените на оригиналните делови ги креираме да бидат пристапни до секој купувач и се најконкурентни на пазарот.Особено сме горди , што сме една од водечките компании во Македонија. Можеме да се пофалиме со многу благодарници, сертификати и пофалници кои се доказ за нашето успешно работење, велат од Хемометал ДОО Битола.

047/268 837

070/237 290

hemometal@hemometal.com