Фондацијата „Преда плус“ објави јавен повик за изградба на викенд куќи и други објекти за времено сместување (коливинг/коворкинг во Нижеполе, Битола).
Фондација за одржлив економски развој “ПРЕДА ПЛУС” Битола планира да додели договор за градба за Изградба на Коливинг и Коворкинг во Нижеполе, Битола (капацитети времено сместување) со финансиска поддршка ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020. Тендерското досие е достапно во канцелариите на ПРЕДА ПЛУС, Кузман Јосифовски 88/4, Битола, како и објавено на веб страната на www.predaplus.eu.
Краен рок за доставување на понудите е 05.06.2023
Увид на терен е закажан на 25.04.2023, 12:00 часот