ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на женско претприемништво за дигитиализација на деловни процеси

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на женско претприемништво за дигитиализација на деловни процеси

Секторот за претпримеништво и конкурентност на мали и средни претпријатија при Министерството за економија објавува јавен повик за субвенционирање на женско претприемништво  за дигитализација на деловни процеси.

Предмет на повикот е субвенционирање на претпријатија  во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, кои вработуваат најмалку две лица, преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци но не повеќе од 100 000денари по барател, направени за следните намени:

-Развој или набавка на дигитални решенија или технологии со цел дигитална трансформација на деловните процеси или производство и /или

-Имплементација, адаптација и интеграција на дигитални ршенија и технологии.

За критериумите и потребните документи може да прочитате на следниот ЛИНК.

Крајниот рок за аплицирање е 30.06.2023 година.

СЦЗРР