Jавна презентација на нацрт Закон за ССЗРР

Jавна презентација на нацрт Закон за ССЗРР

Како дел од серијата јавни консултации на повеќе локации во државата во Битола се одржа јавна презентација на нацрт Закон за советодавен систем за земјоделство и рурален развој.

Во јануари 2022 година започна со реализација  проектот ‘’Модернизација на советодавните услуги (СУ) за оператори во земјоделскиот сектор во Северна Македонија’’ финансиран од Европската Унија.

Презентација во Советот на општина Битола

Главната цел на проектот е да се поддржи воспоставувањето на модерен советодавен систем за земјоделците во Северна Македонија. Проектот обезбедува поддршка на МЗШВ за напредок во реформите во секторот на советодавни услуги вклучувајќи ги стратешките и правните рамки.

Во рамките на една од компонентите на проектот ‘’Подобрување на правната и стратешката рамка на секторот за советодавни услуги според најдобрите практики во земјите членки на ЕУ’’ ,  беше изготвен нацрт-закон за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој.

Со овој закон се уредуваат условите за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој, координацијата, организацијата и обезбедувањето советодавни услуги, вклучувајќи ги условите за сертификација и регистрација на советниците, лиценцирање на давателите на советодавни услуги, како и други важни аспекти за ефективно функционирање на советодавниот систем за земјоделство и рурален развој.

Текстот од нацрт-законот може да се прочита на следниот ЛИНК

СЦЗРР