Јапонскиот бренд на трактори Кубота сега и на македонскиот пазар

Јапонскиот бренд на трактори Кубота сега и на македонскиот пазар

Кубота е водечки бренд во Јапонија кој од неговото појавување во 1960 година успешно го освојува пазарот, а сега е достапен и на македонскиот пазар. Овластен дистрибутер за овој бренд е битолската компанија Ангела – Алфа од Битола.

 Околу 5,1 милион корисници во светот ги употребуваат тракторите  Кубота.

Станува збор за цела палета на машини кои успешно се применуваат  во земјоделството и индустријата. Тракторите Кубота  се карактеризираат со одлична моќност и располагаат со одлични  перформанси што дозволуваат нивна широка примена. Големата разновидност овозможува да бидат подеднакво користени како на фармите така и во полјоделството, лозарството, овоштарството и градинарството.

Денес, Кубота нуди различни производи, од мали до големи трактори, со различни перформанси за широка примена. Тоа го овозможува одличниот дизајн кој покрај основните задачи, со помош на различна приклучна механизација може да извршува различни операции.

Машините Кубота со својот квалитет и разновидност помогнаа компанијата да се здобие со високо светско реноме.

Новата серија трактори М7 отвора нови хоризонти во земјоделството. Компанијата посветено работи во истражување и задоволување на потребите корисниците со цел за унапредување и зајакнување на земјоделскиот сектор.

Јапонскиот бренд Кубота сега може да се најде и на македонскиот пазар. Овластен дистрибутер за овој бренд е битолската компанија Ангела – Алфа од Битола, која веќе четврта деценија успешно опстојува и ги снабдува македонските земјоделци со брендирана земјоделска механизација.

Ангела – Алфа овозможува достапност на јапонскиот бренд  трактори Кубота кои располагаат со  мотор од стандардот Еуро 5. Покрај достапноста на лагер за корисниците обезбедуваат и две години гаранција. Посетете ја компанијата Ангела –  Алфа и уверете се во квалитетот на брендот Кубота.

СЦЗРР