7 причини за почесто користење на нане

7 причини за почесто користење на нане

Ако одлучите да одгледувате нане треба да знаете дека тоа е интензивна врста, брзо се ширии може да фати голема површина од градината. Овој проблем може да се реши доколку се одгледува во саксија. Нането освен што е добро за подготовка на мохито коктели, чаеви и како зачин во јадења, прочитајте за што друго е корисна оваа билка.

1.Спречува икање

Потопете неколку гранчиња нане во голема чаша и овој пијалак ќе стане неизоставен куќен лек за икање и проблеми со желудникот. Џвакањето на листовите покрај тоа што го спречуваат икањето ги опуштаат мускулите поради присуството на ментол кој се содржи во нането.

2.Сузбива инсекти и паразити

Инсектите и паразитите може да предизвикат многу проблеми, поготово ако се занимавате со одгледување живина. Консумирање листови нане  е природен третман за стомачни паразити кои често ја мачат живината. Покрај тоа нането ја намалува појавата намушички, мрави и некои глодари бидејќи ги одбива опојниот мирис на нането.

3.Природен дигестив

Една шоља чај од нане после вечера го смирува организмот и ја подобрува работата на дигестивниот тракт кај луѓето.

4.Го поттикнува растот на косата

Една студија од 2014 година покажала дека маслото кое го содржи нането има позитивно влијание  на фоликулите и го подобрува растот на косата.

5.Ублажува иритации

Нането е ефикасно за смирување иритации на кожа кои настанале после контакт со бршлен. Доколку кожата ви се надразни после допир од бршлен, направете облога така што ќе натопите крпа во чај од нане, или ќе ставите кесички од чај од нане со што ќе се смири кожата и ќе се ублажи иритацијата.

6.Одбива комарци

Некои истражувања покажале дека масло од диво нане е ефикасно во одбивање на комарци. Ако немате нане тогаш истриете директно на кожата листови нане, ефектот е помал отколку маслените капки ама ќе го ублажите нападот од комарци.

7.Ја подобрува меморијата

Есенцијалните масла од нането ја подобруваат меморијата. Доволно е да додадете неколку капки во топла купка. Ментолот кој се содржи во нането помага во подобрувањето на меморијата и вниманието. Ако немате масло од нане може да сварите неколку листови нане и да дозволите мирисот да се прошири по куќата.

Извор: Агромедиа