„Food Republic“ е називот на новата продавница за храна во Битола. Вистинска, здрава храна, произведена на традиционален начин . Широк сокак е вистинското место на нови вкусови во кои ќе може да уживаат сите љубители на здрава и еколошка храна.
Станува збор за нов концепт за продажба на храна со кој се поддржуваат мали производители на македонска храна. Творец на овој концепт е Николче Николовски кој години наназад се бори производите на локалните мали производители да станат достапни до потрошувачите. Производи кои што се произведени на традиционален начин, по домашни рецептури пренесувани од колено на колено, на здрав еколошки начин.


Од „Food Republic“ велат: „За нас храната е слобода. Нашата република е место каде храната значи слобода. Слобода што да се произведува водејќи грижа за природата и традицијата. Храна со која се идентификува заедницата. Храна која слободно може да се избере, што да се купи и принесе на трпезата. Храна ослободена од наметнатите пазарни механизми и конвенционалните стандарди и воедначените навики на потрошувачите. Ослободена од хемикалии, прекумерно пакување, и посредници во дистрибуцијата. Храна со поглед кон иднината.“

Асортиманот на производи е широк, од млечни производи, разни сирења, па до тестенини, масла, сувемеснати производи, вина. Со купувањето на било кој производ се помагаат малите локални производители на храна. Во продавницата ќе се продаваат и разни зеленчуци онака како што ќе ги произведуваат локалните производители, она што им го дозволува сезоната на природен и еколошки начин.

Мотото на „Храна Република“ е „Вкус на слободата“.
СЦЗРР