Ипард Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Ipard-merka-3

Цели на мерката

Оваа мерка ќе го подржи развојот на човечките и физичките ресурси, ќе ја зголеми способноста на земјоделскиот сектор да се справи со конкурентскиот притисок и со силите на пазарот се со цел да се помогне на земјоделскиот сектор постепено да се усогласи со стандардите на ЕУ. Мерката исто така ќе помогне и во справување со предизвикот на климатските услови, промовирајќи ефикасност на употреба на ресурсите и обновливите извори на енергија. Покрај ова, со имплементација на оваа мерка се очекува подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкуретност на претпријатијата за преработка на храна и тоа преку:

  • Подобрена употреба на факторите на производство, запознавање со нови производни процеси и технологии
  • Зајакнување на синџирот за набавка и координација помеѓу преработувачите и производителите
  • Подобрување на квалитетот и безбедноста на храната и нивнaта проверка
  • Постигнување на усогласеност со стандардите на заедницата
  • Унапредување на заштита на околината

Финансиска поддршка предвидена со мерката

Вкупната финансиска поддршка (75% ЕУ фондови + 25% националното ко-финансирање) нема да ја надминуваат горната граница од 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестициите.

Горната граница може да се зголеми за 10 процентни поени за делот од инвестициите кои се однесуваат на:

  • Инвестиции во згради/опрема чија што намена е да се подобри енергетската ефикасност (на пр. употреба на градежен материјал кој ја намалува загубата на топлина);
  • Инвестиции за згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровински материјал) кој е покриен со Анекс 1 од Договорот со ЕУ (преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија);
  • Инвестиции за згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за да се произведат количини еднакви на сопствените потреби за електрична енергија за преработувачките претпријатија;
  • Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.

Напомена: Зголемувањето на процентот на финансиска поддршка за 10 процентни поени се однесува само за делот на инвестицијата заради кој се врши зголемувањето на поддршката а не за целосно предложената инвестиција.

За да се добие поддршка во рамките на оваа мерка, вкупните прифатливи трошоци за предложениот инвестициски проект треба да изнесуваат најмалку 10.000 евра во денарска противвредност.

Највисоката вредност на вкупните прифатливи трошоци по корисник за целиот период на спроведувањето на оваа програма изнесува 4.500.000 евра во денарска противвредност.

Напомена: Опфатот на поддршката на оваа мерка нема да се преклопува со опфатот на поддршката со мерките од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. АФПЗРР пред склучување на договор ќе изврши проверка за да се спречи двојно финансирање на истото средство од овие програми.

Приоритетни сектори

Следните сектори кои се поврзани со преработката и/или маркетинг на производи, покриени со Анекс 1 од Договорот за ЕУ (Прилог 16.1 од ова Упатство ) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка:

  • Млеко и млечни производи;
  • Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина);
  • Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);
  • Житарици, мелнички продукти и скроб;
  • Растителни производи и масла и маснотии од животни;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

ИПАРД – Прифатливи трошоци

а) Материјални инвестиции
  • Купување на материјал за градба и елементи за изградба на нови или реконструкција на постоечки згради и објекти до целосна функционалност
  • Купување нови машини и опрема
б) Нематеријални инвестиции (поврзани со трошоци од точка а)
  • Постигнување согласност со меѓународно признаени стандарди како што се:
  • Воведување на системи за управување во претпријатијата (на пример – ISO 9000:2005; ISO 9001:2000; ISO 14001:2004 (EMAS); ISO 900; ISO/TR 10013:2001; ISO 19011:2002; ISO 27001; вклучувајќи ИТ -базирани системи
  • Подготовка за сертификација под НАССР (Анализа на опасност на критични контролни точки)
  • За исполнување на Добра производна пракса (ДПП) во претпријатијата
  • Добивање на права за патенти и лиценци
  • Компјутерски софтвер, заедно со лиценца за софтверот (само поврзана со прифатливата опрема и со прозводната активност)
  • Инсталација на опрема
  • Услуги за изградба/реконструкција (вклучувајќи технички надзор)
в) Општи трошоци (поврзани со трошоци под точките (a) и (б)
  • Подготовка на техничка документација, градежни планови и придружни студии
  • Подготовка на деловен план: Пресметки на трошоци, анализи, анализи на пазарот, маркетинг анализи
  • Подготовка на оценка на влијание на проектот врз животната средина
  • Управување со проекти
г) Трошоци за специфични информативни и рекламни активности на ниво на проект, кои се под одговорност на крајните корисници
  • Билборди
  • Плакети
  • Налепници.

Трошоци кои не се прифатливи

Следните трошоци ќе се сметаат за неприфатливи:
  • Даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност;
  • Царини и увозни давачки, и слични давачки;
  • Купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;
  • Парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови; камата на долг;
  • Оперативни трошоци;
  • Половни машини и опрема;
  • Банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;
  • Трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;
  • Придонеси во натура;
  • Купување на права за земјоделско производство, животни, едногодишни растенија и нивно засадување;
  • Трошоци за одржување, трошоци за амортизација и трошоци за наем;

Правила за потекло на трошоците

Доколку вредноста на набавката/инвестицијата е под 100.000 евра прифатливите трошоци поврзани со инвестицијата можат да потекнуваат од било која земја.

Во случај кога набавката/ инвестицијата се состои од повеќе делови/ ставки, правилото е применливо само за деловите/ ставките под 100.000 евра. Поделбата по делови/ ставки потребно е да биде легитимна, односно да не се вршат вештачки поделби на набавката/ инвестицијата на помали делови/ ставки со цел заобиколување на прагот од 100.000 евра.

Доколку вредноста на набавката е со износ поголем од 100.000 евра, во тој случај потеклото на стоките потребно е да биде од некоја од следните прифатливи земји:

  • Земји членки на ЕУ:

Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Германија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска, Велика Британија, Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Малта, Латвија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Бугарија, Романија и Хрватска.

  • Земји кандидати за ЕУ:

Турција, Србија, Црна Гора, Албанија и Република Северна Македонија.

  • Земји потенцијални кандидати за ЕУ:

Босна и Херцеговина, Косово.

Земји од Инструментот за европско соседство и партнерство

Алжир, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Египет, Грузија, Израел, Јордан, Либан, Либија, Молдавија, Мароко, Палестинска самоуправа на Западниот брег и појасот Газа, Сирија, Тунис, Украина, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд, Швајцарија и Руска федерација.

*Листата е само индикација за можни земји на потекло и не ја исклучува можноста за појава на дополнителни прифатливи земји како и исклучување на одредени земји од листата на прифатливи земји од табелата

Набавките може да потекнуваат од било која земја доколку износот на набавката е под прагот за примена на постапката за прибирање на понуди со преговарање (во моментов 100. 000 евра во денарска противвредност). За целите на овие програмски средства, поимот “потекло” е дефиниран во членовите 23 и 24 од Регулативата (ЕЕЗ) бр 2913/9238 и друго законодавство на Заедницата кое се однесува на непреференцијално потекло.

Набавка до 100.000 евра Набавки над 100.000 евра
Правилата за потекло не се применливи. Трошоците поврзани со инвестицијата може да потекнуваат од било која земја Правилата за потекло на трошоците се применуваат. Трошоците поврзани со инвестицијата мора да потекнуваат од т.н прифатливи земји.

Кој може да биде корисник

Следните типови на баратели можат да аплицираат и да користат поддршка во рамките на оваа мерка:
  • Правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар како правни лица согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и / или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ може да ја превземете од следниот линк: https://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do?uri=OJ:L:2003:124:0036:0041:en:PDF

При пресметување на големината на претпријатието, согласно препораката, се земаат во предвид и поврзаните субјекти на правното лице барател.

  • Претпријатијата кои не се опфатени со дефиницијата за МСП, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 милиони евра, исто така може да бидат прифатливи, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции наменети да го направат целото претпријатие во согласност со релевантните стандарди на ЕУ. Проценка на големината на корисниците се врши од страна на ИПАРД Агенцијата.
  • Задруги кои се регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и / или услуги директно поврзани со земјоделски активности.
Големина на барател: Број на вработени Годишен приход (обрт) или Биланс на состојба
Микро претпријатие ≤10 ≤ 2 милиони евра ≤ 2 милиони евра
Мало претпријатие <50 ≤ 10 милиони евра ≤10 милиони евра
Средно претпријатие <250 ≤ 50 милионии евра ≤ 43 милиони евра
Големо претпријатие <750 < 200 милиони евра

Новоформираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина како што е предложено во деловниот план.

Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА” издаден од Централен Регистар на Република Северна Македонија.

За јавниот повик 02/2019 за утврдување на големината на барателите ќе се користат податоци од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2018 ГОДИНА” кој АФПЗРР го прибавува по службена должност од Централниот Регистар на Република Северна Македонија, како и податоците од депозитaрот на хартии од вредност преку потврда за поседување на акции која ја доставува барателот.

Сепак, со цел за подобро покривање на инвестициската поддршка и разграничување помеѓу корисниците од различните мерки во рамките на оваа Програма, крајните корисници ќе подлежаат на следниве ограничувања:
  • Поддршка не може да се додели на претпријатијата застапувани од страна на правни лица, во случај нивниот капитал да содржи капитал на јавен орган или органи или од страна на државата на повеќе од 25%.
  • Правни лица – претпријатија кај кои производната линија е одобрена за извоз во ЕУ имаат право на помош само во инвестиции во други производствени линии (дел на претпријатието). Проверката на овој критериум ќе се врши по службена должност, со добивање на регистар на правни субјекти регистрирани за извоз во ЕУ издаден од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
  • Инвестициска поддршка за обновливите извори на енергија (од биомаса, ветер, соларна, и/или енeргија добиена од преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, опфатени со Анекс I на Договорот), со капацитет на производство кое ја надминува годишната сопствена потрошувачка на корисникот, не се дозволени според оваа мерка.

Критериуми за доделување на средствата

  • Сите корисници треба да бидат регистрирани во Агенција за храна и ветеринарство како оператори со храна или евидентирани заради промените предизвикани од засегнатите инвестиции во согласност со Законот за безбедност на храната на крајот на инвестицијата.
  • Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски проекти овозможуваат финансиска/ економска одржливост. Економската и финансиската одржливост ќе се оценува врз основа на деловен план. Барателот треба да ја прикаже можноста за континуитетот на работењето во текот на најмалку пет години од реализација на инвестицијата. Обрасците за деловниот план придружени со Упатство, белешка за пополнување на обрасците и најниска/највисока вредност на критериумите за економска оддржливост со методологијата за нивно пресметување се составен дел од посебните пакети за поднесување на барање на користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.
  • Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на барателот. Во случај на инвестициски проекти кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на барателот, договор или друг придружен документ мора да биде доставен за докажување на правото на користење на имотот засегнат од инвестицијата за период од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето за поддршка.
  • Барателот на финансиска поддршка треба да биде регистриран во националниот систем за ДДВ согласно Законот за данок на додадена вредност.
  • Пред да се достави барањето за исплата, најмалку едно одговорно лице на правниот субјект кој го претставува претпријатието е со редовен работен однос со правниот субјект или е ангажирано под договор со времетраење не покусо од времетраењето на договорот за доделување финансиска поддршка во рамките на оваа Програма.
  • Корисникот е должен да ги исполни минималните национални стандарди поврзани со реализација на инвестицијата пред поднесување на барањето за исплата. Документите издадени за оценување на усогласеноста на проектот во однос на важечките национални минимум стандарди за јавно здравје, благосостојба на животните, заштита на животната средина и безбедноста при работа треба да се направат врз основа на претходна проценка на проектот каде што е соодветно. Ако таква проценка е извршена од страна на институциите во претходните шест месеци од денот на поднесување на барањето, овие документи ќе се земат во предвид од страна на АФПЗРР. Во случај кога со документите на институциите е истакнато дека барателот не ги исполнил тие стандарди се доделува транзиционен период за исполнување на релевантните стандарди пред поднесувањето на барањето за исплата. Во вакви случаеви најмногу за 3 години може да се продолжи реализацијата на инвестицијата. Листата на минимални национални стандарди за спроведување на мерка 3 е дадена во Прилог 3 на ова Упатство.

Посебни критериуми за доделување на средствата

  • Барателот кој предлага инвенстиции во секторот вино, треба да е регистриран во регистарот на производители на вино во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство пред поднесување на барањето за исплата.
  • Барателот кој предлага инвестиција во центар за откуп и дистрибуција на зеленчук и овошје, житарици и млеко треба да е регистриран во регистар за откупувачи во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство пред поднесување на барањето за исплата.