Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за одгледување кози за 2025 година.
Вкупно се исплатени 85.784.580 денари на 1.159 одгледувачи на кози.
Согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година корисници се земјоделски стопанства – одгледувачи на кози кои поседуваат минимум 10 кози постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето, се обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози и пријавените кози се чувани најмалку до 30 ноември 2025 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари по грло.
За остварување на правото на директни плаќања, грлата треба да бидат соодветно евидентирани во регистарот на АХВ, согласно условите утврдени со Програмата.





