АФПЗРР објави повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги

АФПЗРР објави повик за финансиска поддршка на земјоделски  задруги

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.10/2022 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Финансиската подршка се однесува за Мерка 131 Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност.

Како корисници на оваа поддршка може да се јавата земјоделски задруги регистрирани во Регистар на задруги при Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделски задруги.

Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период од 1 јануари до 31 декември 2021година  и за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година.  Корисниците на оваа поддршка добиваат 100% од вкупно направените прифарливи трошоци.

Крајниот рок за доставување барања по оваа мерка е 30 септември 2022 година. Повеќе информации прочитајте на следниот ЛИНК.