Есенска сеидба – со правилен избор на семе до големи приноси

Есенска сеидба – со правилен избор на семе до големи приноси

Есенската сеидба е во тек. Од изборот на семенскиот материјалво голема мера зависат идните приноси. Денес на пазарот асортиманот на семенски материјал е многу голем. Постојат најразлични сорти пченица и јачмен така што треба да се направи правилен избор. Потребно е да се обрне внимание на карактеристиките на семето за да се одбере она што најмногу одговара на поднебјето.

Сортни карактеристики на семето

Кога се зборува за карактеристики на семето се мисли на должината на вегетативниот период, осетливост на болести, отпорност на полегнување како и толерантност на високи и ниски температури, суша, ветрови, влага.

Од голема важност е да се запази оптималниот рок за сеење. За пченицата тој е од втората половина на септември до крајот на октомври. Досегашните искуства покажуваат дека во последните години поради неповолни временски услови да не може да се испочитуваат оптималните рокови на сеидба.

Токму заради ова при изборот на семе треба да се пристапи со големо внимание. Треба да се одбере она семе кое што при услови на незапазување на отимален рок, да може да надомести и повторно да се добие добар принос.

Средно рани сорти на пченица и јачмен

Кога сме кај есенската сеидба најпогодни за нашето поднебје се средно раните сорти пченица и јачмен. Ваквите сорти може секаде да се посеат.

Средно рани сорти семе

Средно рана сорта значи дека може да се сее и онаму каде што има суша  и онаму каде што има доволно влага. Има ниско стебло, добро брати, одлична е  и формира  многу крупно зрно.  Толерантна е на  болести. Не расти високо и ако дојди до голем авлага и врнежи нема полегнување. Се одликува со одлична хектолитарската маса .

На нашите простори има и многу добавувачи што нудат кавлитетни семиња. Секогаш треба да се внимава да се купува сертифициран семеснки материјал со добри сортни карактеристики. Државата го субвенционира сертифицираниот семенски материјал.

Правилниот избор на семе плус соодветна примена на агротехнички мерки се гаранција за добар принос.

СЦЗРР