Започна пријавувањето за финансиска поддршка за произведен сертифициран семенски матријал пченица и јачмен

Започна пријавувањето за финансиска поддршка за произведен сертифициран семенски матријал пченица и јачмен

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на сертифициран семенски материјал од пченица и јачмен дека е во тек поднесувањето на барањата по Програмата за спроведување на интервентниот фонд за земјоделство за 2023 година, мерка 1.3 „Финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен“.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.15 “Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација, житни, фуражни, индустриски и градинарски култури” од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, кои имаат произведен семенски материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифицирано семе од прва и втора генерација за пченица и јачмен.

Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм за произведена пченица и јачмен од прва и втора генерација и запишана во серитфикатот за реколта 2023 година.

Барањата се поднесуваат директно во Агенцијата на рачно пополнет образец кој е  објавен на веб страната на Агенцијата во делот Директни плаќања 2023, Програма за спроведување на интервентен фонд, Обрасци:https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Page/DirektniPlakjanja

Во прилог на барањето не се доставуваат дополнителни документи, потребните податоци за проверка на исполнетост на условите Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 17 ноември 2023 година