Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави деталните услови и критериуми за петте јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.
Со јавните повици се опфатени повеќе региони и катастарски општини низ целата држава, а земјиштето се доделува за земјоделско производство со времетраење на закупот до 30 години.
Основни услови за учество
Право на учество имаат:
- домашни физички и правни лица;
- странски правни лица со регистрирана подружница во Република Северна Македонија;
- регистрирани вршители на земјоделска дејност и трговци поединци на кои земјоделството им е приоритетна дејност.
Не можат да учествуваат лица кои имаат неплатени обврски по основ на закупнина, даноци и придонеси, како и правни лица во стечајна постапка.
Потребна документација
Со понудата потребно е да се достави:
- пријава;
- документи за регистрација;
- потврди за платени даночни обврски;
- бизнис план;
- нотарски заверени изјави;
- банкарска гаранција;
- доказ за механизација;
- геодетски елаборат и останата документација предвидена со јавниот повик.
Региони опфатени со јавните повици
Петте јавни повици ги опфаќаат следните региони:
- Јавен повик 01/26 – Битола и Прилеп.
- Јавен повик 02/26 – Гевгелија, Валандово, Струмица, Радовиш, Штип и Неготино.
- Јавен повик 03/26 – Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе.
- Јавен повик 04/26 – Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес.
- Јавен повик 05/26 – Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир.
Повеќе информации
Сите јавни повици, целосната документација, условите, критериумите и потребните обрасци можете да ги преземете во делот „Активни огласи“ на нашата веб-страница.
Доколку ви е потребна стручна подготовка на апликација, изработка на бизнис план, геодетска документација и комплетирање на целокупната документација, тимот на Советодавна ви стои на располагање за професионална поддршка во текот на целата постапка.





