Советодавен Центар за земјоделство и рурален развој „ДООЕЛ Триумф Консалтинг“ Битола презема активности во пресрет на новите повици од ИПАРД III Програмата. За таа цел организираме инфо сесии за земјоделците.
„Инвестирај во земјоделството“
– Искористи ги можностите од ИПАРД III програмата
-Како да изградам модерна фарма?
-Како да набавам опрема и механизација?
-Како да изградам објект за потребите на земјоделското стопанство?
-Како да инвестирам во иновативни системи и технологии во земјоделското производство?
-Како да го зголемам приносот на пченка?
Одговорите на овие прашања ќе бидат образложени на инфосесиите што ќе се одржат во три општини од Пелагонискиот регион во следните термини:
15.02.2023 година со почеток од 15 часот во општина Могила,
17.02.2023 година со почеток од 15 часот во општина Новаци,
22.02.2023 година со почеток од 15 часот во сала на Совет на општина Битола.
Имајќи ја предвид информацијата за големата заинтересираност кај земјоделците за претходно одржаната онлајн инфосесија, одлучивме овој пат да организираме средба директно со земјоделците.Од ИПАРД програмата ќе се презентира:
– Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ и
– Правилна примена на ѓубрива.
Информирајте се на време, испланирајте ги вашите инвестиции и бидете во чекор со она што науката и технологијата го овозможуваат за развојот на земјоделскиот сектор.
Советодавен центар за земјоделство и рурален развој „Триумф консалтинг“ им помага на сите заинтересирани лица инвестициите да ги искористат во вистинско време и на вистински начин.
Бидете дел од овие инфо сесии и во чекор со времето.
Следете нè на веб страницата www.sovetodavna.mk и на социјалните мрежи и информирајте се. Само добро информирани едуциран земјоделец може да се справи со сите предизвици што ги носи новото време.
Ве очекува тимот на СЦЗРР „ДООЕЛ Триумф Консалтинг“ Битола
.