ИПАРД можности за инвестиции во јавна рурална инфраструктура

ИПАРД можности за инвестиции во јавна рурална инфраструктура

Од 2024 година се очекува објава на мерката од ИПАРД 3 програмата за инвестиции во рурална јавна инфраструктура која како потенцијални корисници се Единиците на Локалната Самоуправа (Општините).

Главна цел на оваа мерка е поддршка на социјалниот, економскиот и територијалниот развој во руралните средини.

Корисници на оваа мерка се Единиците на локалната самоуправа за инвестиции во рурални средини со под 10 000 жители.

Општи барања за поддршка

  1. Барателот (Општината) мора да достави Формулар за апликација поддржан со сет на потребни документи.
  2. Градежни (основни) планови и технички цртежи вклучувајќи предмер пресметка изготвен со почитување на Законот за градење и другите локални стандарди за градба официјално утврдени од Општината заедно со формуларот за апликација кој мора да се достави.
  3. Корисниците – општините треба да достават одлука донесена од Советот на општината за приоритет на проектот за развој на општината и во согласност со стратегијата за локален економски развој каде што е применливо.
  4. Корисниците – општините кои имаат намера да инвестираат во населено место за кое согласно Законот за култура се применува (културно наследство и сл.) треба да достават одобрение добиено МТСП.
  5. Корисниците – општините кои имаат намера да инвестираат во населени места во кои треба се применува Законот за заштита на животната средина (природен резерват и сл.) треба да достават добиено одобрение од МЖСПП;
  6. Одржувањето на проектот мора да го обезбеди крајниот корисник (општината) најмалку до пет години од исплатата на проектот. Трошоците за одржување на проектот по реализација отпаѓаат на терет на корисникот (општината).

Специфични барања за поддршка

Секој проект мора да биде усогласен со националните минимални стандарди за заштита на животната средина пред поднесување на конечното барање за исплата на срдтвата од  АФПЗРР.

Инвестициите мора да се реализираат во јавен имот (државен или општински имот). Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат во приватна сопственост што не е во сопственост на примачот, се користи Законот за експропријација или концесија и ќе се почитува пред да се поднесе барање за поддршка.

Прифатливи инвестиции:

1.Инвестиции во енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи извори

  • Изградба/реконструкција/рехабилитација и опремување на постројки за обновлива енергија и јавни дистрибутивни инсталации од обновливи извори на енергија;
  • Изградба/реконструкција/рехабилитација на инсталации за обновлива енергија за снабдување со општински згради и/или згради кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како и образование и здравство);
  • Подобрување на локалните јавни дистрибутивни мрежи за снабдување со енергија/топлина во општините населби и/или земјоделски површини вклучувајќи пасишта;
  • Инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност во општински и други згради кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како образование и здравство).

2.Инвестиции во ефикасно управување со водни ресурси

  • Изградба/реконструкција/рехабилитација на водоводниот систем, инсталации и поврзани објекти (на пример, прочистување, филтрација, итн.);
  •  Изградба/реконструкција/рехабилитација на канализациски систем, инсталации и поврзани објекти (на пр. третман на испуштање на отпадни води итн.).

3.Инвестиции во ефикасно управување со ѓубре 

  • Изградба/реконструкција/санација на мали инфраструктурни зафати за отпад  и управување со опад (на пр. депонии и/или места за собирање отпад итн. Според еколошки стандарди);  
  • Набавка и инсталирање на опрема за собирање отпад (на пр. контејнери, транспорт приколки и специјализирани возила итн.)

4.Инвестиции во патна инфраструктура

  • Изградба/реконструкција/рехабилитација на постоечки општински патишта и мостови. Патишта што ги поврзуваат населените места со главните патишта. Врски меѓу населените места, јавен пристап на патишта до трговски, производствени капацитети фарми. Туристички капацитети, згради или отворени области на локалното население културно, традиционално или природно значење. Земјоделско земјиште, шуми итн. вклучувајќи нивелирање и уредување на околината;
  • Изградба/реконструкција/рехабилитација на земјоделска и шумска патна мрежа (вклучувајќи и премини за заштита од пожари).

Вкупниот буџет за период 2024-2027  година изнесува 16,7 милиони евра.

За инвестициите да бидат прифатливи минималната предложена инвестиција треба да е повисока од 20 000 евра, а максималната сума која е прифатлива е до 1 000 000 евра по корисник (Општина).

За повеќе инфо на kontakt@sovetodavna.mk