Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по мерката Директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања изнесува 600денари по презимено пчелно семејство. На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
- да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
- да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
- да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство
Потребното одржување на бројот на пријавените презимени е до 30 Ноември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство. За оваа намена се исплатија 5.566 пчелари во износ од 169.222.200,00 денари.