Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата на повеќе мерки од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој и програмата за финансиска поддршка во земјоделството и тоа:
- Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година за:
-мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства. Вкупен износ од 5.001.667,00 денари се исплатени за набавка на комбајни за жито и 369.990,00 денари за набавка на механизација.
– мерка 2 Субвенционирање на каматна стапка и за истата се исплатени вкупно 1.402.023,00 денари.
2. Од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година за мерка 121
-Инвестиции за модернизацијана земјоделски стопанства за набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки)од увоз или од признати организации согласно Законот за зоотехника, набавени во период од 01.10.2023 до 30.09.2024 година, денес се исплатени вкупно 2.615.584,00 денари.
3. Од програмата за финансиска поддршка во земјоделството исплата е направена во износ од 44.559.948,00 денари субвенции за растително производство за 2024 година за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.