Исплатена премија за млеко

Исплатена премија за млеко

Исплатена премија за произведено и предадено млеко. Производителите на кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 ден/л, а премијата за овчко и козјо млеко изнесува 4,5 ден/л.

5525 млекопроизводители кои предале кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач денеска на своите сметки се исплатени со 75,6 милиони денари од програмата за директни плаќања во земјоделството.

Премијата се однесува за произведеното и предадено млеко во август и септември 2021 година.

Сточарите кои имаат произведено кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 денари по предаден литар млеко додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои произвеле и предале овчо и козјо млеко, соопштуваат од ФБ профилот на МЗШВ ПЕ Битола.

СЦЗРР