Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата од над 260 милиони денари кон повеќе од 1.600 корисници, во рамки на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Средствата се наменети за мерки од растително и сточарско производство, со цел поттикнување на домашното производство, преработувачката индустрија и одржливиот развој на земјоделството.
Исплатите се реализирани по следните мерки:
- Мерка 1.7 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, при што се исплатени 136.450.639 денари кон 276 корисници.
- Мерка 1.10 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8 за овошје предадено во преработувачки капацитети, со исплатени 17.058.566 денари кон 354 корисници.
- Мерка 1.13 – Директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал, со вкупна исплата од 40.319.770 денари кон 8 корисници.
- Мерка 1.15 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски и градинарски култури, при што се исплатени 38.793.297 денари кон 16 корисници.
- Мерка 1.18 – Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури, со исплата од 9.774.800 денари кон 7 корисници.
- Мерка 2.17 – Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство, при што се исплатени 21.446.792 денари кон 1.021 корисник.
Со овие исплати, Агенцијата продолжува со навремена реализација на мерките од Програмата, обезбедувајќи стабилна финансиска поддршка за земјоделците и придонесувајќи кон развој и унапредување на македонското земјоделско производство.





