Исплатени субвенции за амортизирани несилки и приплодни маторици

Исплатени субвенции за амортизирани несилки и приплодни маторици

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата за амортизирани несилки и приплодни маторици.

36 земјоделски стопанства кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 до 30 септември 2023 добија финансиска поддршка од 82 милиони денари. 

Висината на финансиската поддршка е 120 денари по несилка. 

За мерката за женски приплодни грла маторици се исплатени 256 земјоделски стопанства кои одгледуваат минимум 5 маторици и истите ги чувале до 30.11.2023 година. 

Исплатената финансиска поддршка изнесува 7 милиони денари. 

 Висината на директните плаќања е 1000 денари по грло маторица.