Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на повеќе мерки од програмата за директни плаќања.
188 корисници се исплатени со финансиска поддршка во висина од 17.5 милиони денари за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури за кои е употребен сертифициран семенски материјал, а пријавената површина е од 5 до 50 хектари. Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси и тоа : 4000 кг/ха за пченица, 3000 кг/ха за јачмен, ‘рж и овес и 1500 кг/ха за сончоглед.
Извршена е исплата и за мерката за производство на говедско месо за кои се исплатени 1.4 милиони денари за 131 корисник. Корисници на оваа мерка се огледувачите на говеда кои имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот за одгледувалишта на говеда. Висината на директните плаќања е 1500 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 31.10.2021 година.
2837 одгледувачи на овци добија финансиска поддршка од 103 милиони денари за задржано женско јагне. Висината на поддршката е 1000 денари по грло и се исплаќа за женско јагне кое на 31.10.2021 година е на возраст од 6 до 18 месеци.
Исто така исплатена е и финансиската поддршка за задржано женско јагне во висина од 13.7 милиони денари за 1540 одгледувачи на кози. Висината на поддршката е 1000 денари по грло и се исплаќа за женско јаре кое на 31.10.2021 година е на возраст од 6 до 18 месеци, соопштуваат од АФПЗРР.