Исплатени субвенции за предадено млеко во преработувачки капацитети

Исплатени субвенции за предадено млеко во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплатата на премиите за произведено и предадено млеко.

До сметките на 4.311 млекопроизводители исплатени се 277,9 милиони денари. Со реализираната исплата опфатени се фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година.

Вредноста на премијата изнесува 5 денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и 6 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.