Исхрана на овци за време на јагнење

Исхрана на овци за време на јагнење

Најважен услов во одгледувањето на домашните животни и постигнување на добри производни резултати е правилната исхрана. Правилната исхрана преставува способност на сточарот да ги искористи сите расположливи крми и да ги распредели во доволна количина во зависност од видот и категоријата на животното.

Во производствениот процес кај овците една од најважните цели кај секој одгледувач на овци е да постигне максимален број на јагниња по овца. Кај нас поголемиот дел од фармите кои одгледуваат овци се јагнат само еднаш во годината. Ова значи дека секоја јалова овца е изгубена вредност во годината.

Согласно ова може да заклучиме дека бројот на одгледани и родени јагниња е најважен фактор во овчарското производство, а за да се постигне тоа исхраната е најважна ставка во ефикасноста на одгледувањето на овците.

Се препорачува веднаш по јагнењето, овците да се стават во посебен бокс. Во исто време концентратот треба да се намали, а додека сено се дава без ограничување. Крмите мора да се со добар квалитет и лесни за варење, а исто мора да бидат и вкусни. Поминувањето кон нормална дажба треба да биде 5-7 дена по јагнењто. Тогаш започнува исхраната со концентрат, која може да е составено од исти делови на јачмен и трици. Објагнетите овци задолжително мора да имаат доволно количество на вода за пиење.

Исхраната преставува основа за постигнување на посакувани резултати во производството, одржување на здравјето и благосостојбата во одгледувањето на овци.

Kомпостирање ѓубриво за одржливо земјоделско производство Подигнување на насад орев од сортата Чендлер