Рузмарионот е повеќегодишна грмушка која може да се одгледува во саксија на тераса, во градината или пак на голема површина. Најчесто се користи како зачин во исхраната но бројни истражувања покажале дека состојките на ова растение може позитивно да делуваат и на здравјето на човекот. Денес рузмаринот покрај како зачин подеднакво се користи и во медицината, фармакологијата и козметологијата.
Рузмарин (Rosmarinus officinalis) е ароматично растение кое се сретнува на Медитеранот, во САД и Мексико. Се смета за билка од родот на дрвенести повеќегодишни зимзелени растенија. Има специфичен мирис и наоѓа најголема примена како зачинска билка во исхраната. Се смета за совршена билка која покрај во исхраната наоѓа примена и во медицината. Изобилува со хранливи фито-материи, антиоксиданси и есенцијални киселини. Во минатото најчесто се користел како лековита билка за лечење на мускулна болка, за подобрување на циркулација, за здрава коса итн. За што денес се прават многу истражувања кои ги потврдуваат позитивните дејства од примена на рузмарин.
Растение што сака топлина и светлина
Иако сака блага клима и е типична билка за Медитертанот денес може да се сретне во целиот свет и може да се одгледува и на отворено и во затворен простор.
Рузмаринот има силен коренов систем, а лисјата му се зелени во вид на иглички. Цветот му е буен со нијанси на розова, виолетова и сина боја.
Сака лабава и лесна почва богата со калциум. Не поднесува кисели, тешки и глинести почви. За активен раст има потреба од топлина и светлина. Отпорен е на болести, а поради специфичниот мирис (комбинација од еукалиптус и цитрус) не го напаѓаат штетници. Рузмаринот сака топлина и не е случајно тоа што го има најмногу на Медитеранот. Доколку сакате да го одгледувате тогаш одберете место кое е изложено на топлина и светлина и заштитено од ветрови. Може да толерира умерен студ, но ако температурата падне под -10 му се заканува замрзнување.
Садењето може да се прави со семе или гранчиња
Може да се сади во пролет и есен. Се препорачува есенско садење бидејќи тогаш коренот подобро ќе се развие. Додека пролетното садење е добро доколку садниците се произведени во заштитен простор уште од есента. Семињата најдобро успеваат кога се садат во пролет или почетокот на летото.
Семето рузмарин е многу ситно, во еден грам има околу 1000зрна. Зрната се сјајни и со овална форма. Додека да изртат на зрната им е потребно околу 30 дена под услов да имаат доволно топлина.
Во есен растот успорува така што тој период е погоден за делење на грмушките. Инаку семето сака топлина, затоа се препорачува садењето да се прави кога температурата е 20-22степени. Семето се става на длабочина од 1см, а растојанието од една до друга дупка треба да биде 1м бидејќи растат во висина и се разгрануваат. Рузмаринот може да порасне до 1,5 м висина и и над 1м ширина.
Ако садењето се прави со садници редовите треба да бидат на растојание од 1 м, а растојанието меѓу садниците да не е помало од 0,5м – 0,8м. Длабочината на дупките каде се садат треба да се прилагоди врз основа на квалитетот на хумусниот слој на почвата.
Прихрана на рузмарин
Не треба да се заборави дека количината со што ќе се прихранува се прави врз основа на резултатите од хемиската анализа на почвата. Вообичаено прихрана се прави еднаш во месец април и уште еднаш во месец мај со ѓубриво кое во својот состав има азот. Што го поттикнува растот на растението. Во следните години прихраната се врши со НПК ѓубрива во зависност од плодноста на почвата.
Во првите две години рузмаринот не се бере. Ова се години кога тој се развива и може да се сечат младите гранчиња само за да се формира крошната на грмушката. Веќе во третата година може да се очекува берба со добар принос од 3-4 т по хектар свеж рузмарин.
СЦЗРР
nkladklDHKadhk