Житариците најдобро е да се сеат на есен. Сеидбата ќе биде успешна ако се запазат оптималните услови: рокови за сеење, избор на сорта, квалитет на семе, временски услови, квалитет на почва, влага и прихрана.
Оптимален рок и временски услови за сеење
Есенската сеидба се прави 45-60 дена пред да настапат многу ниски температури. Ова е многу важно бидејќи на зрната семе им е потребвна топлина додека изртат. Ртењето е најосетливата фаза. Кога нема топлина оваа фаза е успорена, но и преголема топлина не е добро бидејќи семето брзо ќе поникне и нема да е искалено за да ги поднесе нискитге температури. При оптимални услови со доволно влага, топлина и прозрачност на воздух во почвата ќе се добие здраво и јако растение. Ваквото растение ќе може полесно да ги поднесе евентуалните стресови што ги носи зимата. Периодот на вегетација трае од 275 – 300 дена.
Климатските промени се повеќе имаат влијание така што не може секогаш да се испочитуваат оптималните рокови за сеидба. Земјоделците се соочуваат со разни ситуации како што се суша, дождови, ветер.
Избор на сорти
Квалитетот на сортното семе е прв предуслов. При изборот на сорта треба да се внимава семето да е во добра здравствена состојба. Треба да има широка адаптибилност, да има продуктивност во разни производствени услови, да е толерантна на суша и студ и секако висок потенцијал на принос.
Изедначена длабина на сеење
По претходно извршената обработка на почвата кога ќе се простапи на сеење треба да се обезбеди иста длабина. Изедначената длабина ќе овозможи изедначено ртење и никнување на семето.
На тешки почви се препорачува длабината да биде помала, додека на пропустливи и песколиви почви таа е поголема. Просечната длабина за пченицата изнесува 4-5см, додека за ржта таа е нешто помала и се сее на 3 см. Количината на семе се движи од 200-280 кг/ха. Може да биде и помала што зависи од условите кои ги споменавме погоре. Сеидбената норма се движи од 500 – 600ртливи зрна /м2 .
СЦЗРР