Kомпост – за што служи и како се прави?

Kомпост – за што служи и како се прави?

Компост е вид на ѓубриво кое доколку сами го направите може да имате двојна корист. Ќе заштедите пари а со неговата употреба може да постигнете и добри резултати. Сега е периодот кога има многу органски отпад . Со мала организација и труд може тој отпад да го претворите во ѓубриво кое може да има повеќекратна примена. Прочитајте како се прави компост?

Компостирај

Компост е темно ѓубриво кое се добива од разни видови органски отпад. Овие материи се разложуваат и создаваат органски хумус кој може да се користи во нивите и градините. Со компостирањето се овозможува да се врати органскиот материјал во почвата од каде што потекнува, по истиот тек како што се создава во природата.

Компостирање

Зошто треба да се прави компост?

  • Органскиот отпад сочинува повеќе од 50% од вкупниот отпад;
  • Отпадот ослбодува  преку 30% од метанот, кој е 23 пати појак стакленички гас од СО2;
  • Компостот е исклучително важен  за здрава и плодна почва;
  • Ја намалува ерозијата бидејќи загубите на површинскиот слој земја се и до 10% годишно;
  • Компостот овозможува задржување на водата во почвата и помалку наводнување;
  • Компостот спречува појава на болести и плевел;
  • Создава ѓубриво.
Органско ѓубре за компост

Што се компостира?

  • За компост се употребува сув материјал богат со јаглерод, хартија и картон, суви листови, леб, ориз, тестенини, пилевина од дрво.
  • Зелен материјал богат со азот овошје и зеленчук, зелени листови и растенија, трева, гранчиња итн.

Што не се компостира?

  • Во компостот не се става измет од миленици, плевел што создал семе,болни растенија, месо, риби и коски, масло, млечни производи, пилевина од хемиски третирано дрво.

Како се подготвува материјал за компостирање?

  • Направи контењер за компост од дрвени столбови и жичана мрежа,
  • Постави го контењерот на сончева и издигната површина, и раскопај ја почвата за да дојдат инсекти и црви,
  • На дното направи дебел слој од суви листови или исецкана хартија,
  • Додај слој зелен материјал и распореди го,
  • Покриј го со слој сув материјал кој спречува  собирање н муви и мушички. По желба може и слој земја,
  • Наизменично реди сув и влажен материјал додека да го наполнеш контењерот,
  • Содржината на полниот контењер измешај ја со вила или гребло.

Мешај го купот на секои две недели. Материјалот може да се загрее и да спласне.

По 3-4 промешувања компостот е готов. Треба да биде растресит, влажен, темен, и да мириса на почва. Остави го компостот да одлежи два месеца пред да го употребиш.

Напомена:

Избалансирај го компостот, ако е многу сув, споро ќе се разгради, ако е многу влажен, ќе замириса и ќе протече. Целта е да имаш главно иста количина/тежина  на сув и влажен материјал.

СЦЗРР