НАЈАВА ЗА ОБЈАВА НА МЕРКА 7 ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА (2021-2027)

НАЈАВА ЗА ОБЈАВА НА МЕРКА 7 ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА (2021-2027)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани правни и физички лица дека во четврт квартал од 2024 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година) МЕРКА 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси во руралните средини.

Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2024 година се наменети за следните инвестиции:

  • Алтернативно земјоделско производство
  • Преработка на алтернативни земјоделски производи
  • Производство на прехрамбени производи и пијалаци
  • Поддршка на занаетчиски активности
  • Поддршка на услуги за руралното население – само за услуги за престој и нега и услуги за дневно згрижување на деца
  • Поддршка на услуги во земјоделството – само за воспоставување и уредување на ветеринарните служби
  • Поддршка на рурален туризам

Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници.

За подетални информации околу мерката припрема на документација и припрема на апликација обратете се во СОВЕТОДАВНА на телефон 072/251-263, директно во канцеларијата на ул.Панда Чеснова бр.6 во Битола, или на kontakt@sovetodavna.mk