Негата на собните растенија е многу важна за да може полесно да ја поминат зимата. Топлина, светлина, влага и воздух се основните услови на кои треба да се внимава.
Со доаѓањето на есента и со намалувањето на температурата потребно е да се обрне внимание и на собните растеноија кои беа оставени на отворено во дворовите или терасите. Намалувањето на температурата е сигурен знак за да се направи тоа. Не чекајте температурите да паднат многу. Ако температурата е под 10 степени побрзајте и префрлете ги растенијата во затворен простор. Иако голем дел од цвеќињата влегуваат во фаза на хибернирање, сепак треба да им се овозможат соодветни услови за повторно да им се радувате на пролет.
Кои услови им се потребни на собните растенијата во есен?
Топлина, светлина, влага, воздух се основните услови на кои треба да внимавате за собните растенија.
Префрлувањето од отворен во затворен простор е многу стресен за нив. Со цел да го надминат овозможете му услови во кои ќе може да останат живи.
Одберете соодветен простор
Доколку имате можност добро е да ги префрлите во застаклена тераса или друга просторија. Температурата не треба да биде многу висока. Не ги ставајте во близина на грејни тела и радијатори. Во нивна близина побврзо ќе се суши воздухот, земјата и лисјата. Може да се предзвика сушење и шпожолтување на врвовите од лисјата. Добро е да се одржува меѓу 15-20 степени целзисуови. Многу е важно да имаат светлина. Доколку немате можност да ги ставите во посебна просторија тогаш ставете ги до прозорците. Таму ќе може да користат повеќе светлина која им е потребна за нивните биохемиски процеси.

Собните растенија сакаат свеж воздух
Исто како и луѓето и собните растенија сакаат свеж воздух. Секојденвно проветрувајте ја просторијата со цел да влезе чист воздух Ова правете го внимателно бидејќи растенијата не обожаваат промаја. . Заштитете ги од провев.
Намалете на вода и прихрана
Во есен собните растенија влегуваат во фаза на мирување и им е потребна помала количлина на влага и храна. Тоа не значи дека не треба да се полеваат. Полевањето треба да се намали на пр. еднаш неделно, а кај некои и еднаш месечно, односно тогаш кога на допир земјата во скасијата е сува. За кактусите не се препораќува вода за да цветаат на пролет. Ова не важи за оние растенија кои цветаат во есен и зима. Тие цвеќиња имаат потреба и од влага и од прихрана. Во фазата на мирување не се препорачува пресадување на растенијата. Доколку сметате дека е неопходно тогаш земете нова земја и поголема саксија.
Кога ги внесувате растенијата во затворен простор внимателно проверете ги. Често со ниув се внесуваат и некои штеточини како пајаци, вошки и сл. Прво исчистете ги па потоа внесте ги дома.
СЦЗРР