Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги објави ранг листите на одобрени корисници од ИПАРД III програмата од првиот јавен повик 01/2023 за мерка 1 и мерка 7 објавени минатата година.
По мерка 1 одобрени се 291 барања со вкупна вредност од 18.893.333,33 евра, а додека по мерка 7 одобрени се 51 корисници со вкупна вредност од 11.400.000 евра.
Деталните ранг листи може да ги видите овде.
Советодавна останува отворена за сите потенцијални корисници кои во иднина планираат да направат инвестиции во земјоделството или руралниот развој. Професионалниот тим на советодавна ќе ве води до конечна реализација и остварување на вашите бизнис цели. Контактирајте не на 072 251 263 или на kontakt@sovetodavna.mk и започнете ја уште денес реализацијата на вашата бизнис идеа.