ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА НАБАВЕНИ ПЧЕЛНИ МАТИЦИ И РОЕВИ, НЕРЕЗИ И НАЗИМКИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ

ОБЈАВЕН ПОВИК ЗА НАБАВЕНИ ПЧЕЛНИ МАТИЦИ И РОЕВИ, НЕРЕЗИ И НАЗИМКИ ОД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик 04/2024 година од Програмата за рурален развој за веќе набавени пчелни матици и роеви и назимки и нерези.

Финансиската поддршка се однесува за евидентирани земјоделски стопанства во ЕРЗС кои во период 01.10.2023 до 30.09.2024 година имаат набавено пчелни роеви и матици, нерези и назимки од признати организации и одгледувалишта согласно законот за Зоотехника.

Финансиската поддршка извесува од 50-75% од вкупната вредност на инвестицијата до максимум 600 000 денари по корисник за набавени пчелни роеви и матици, односно 10 000 000 денари по корисник за набавени нерези и назимки.

Барањата се поднесуваат електронски преку системот Е-Барање со предходна регистрација на истиот.

Краен рок за поднесувањето на барањата е до 31.10.2024 година.

Повеќе информации за повикот може да најдете тука. За успешна апликација контактирајте го стручниот тим на Советодавна и испратете соодветно барање за исплата. Контакт на 072/251-263 или на kontakt@sovetodavna.mk.