ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ 

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ 

Предмет на овој јавен повик е  доставување на предлог за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми на територијата на РС Македонија за активност која ќе се одржи во период од 01.07 до 31.12.2024 година

Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош 

Корисници на техничката поддршка и субјекти кои може да учествуваат во постапката за доделување на средства за техничката помош се: здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, јавни научни установи и истражувачи согласно Законот за научно-истражувачката дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование, Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните, единици на локалната самоуправа, стопанските комори, основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задругите или земјоделски задруги.

Предлогот се доставува во еден оригинален примерок напишан на сопствен меморандум, потпишан и заверен со печат од корисникот на техничката поддршка. Еден ист корисник не може да се појави како основач и/или овластено лице во други предлози за учествуво во постапката за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање на локални манифестации и саеми  на територијата на РС Македонија.

Висината на поддршката изнесува 100% од прифатливите трошоци, а остатокот од потребните средства кои го надминуваат максималниот износ на поддршката по корисник се на товар на барателот.

Максималниот износ на поддршката по корисник, согласно средствата обезбедени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој изнесува 120.000 денари.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлозите се доставуваат до архивата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, со назнака  Сектор за рурален развој.

Повеќе информации за повикот на ЛИНКОТ