Оросувањето на цвеќињата го поттикнува растот на цвеќињата, а покрај тоа цвеќињата може да се полеваат и со чај.
Доколку сакате вашите украсни растенија и цвеќиња да ви го разубават домот мора да водите грижа за нивната хигиена.
Тука спаѓа не само одржувањето на лисјата туку и хигиената во саксиите во кои растенијата живеат.
Хигиената треба да се одржува во текот на целата година оти само така може да се спречи појава на сиво гниење, а оросувањето на листовите е само составен дел на таа хигиена. Тоа треба да се прави внимателно да не се оштети заштитниот восочен слој на листовите.
Црниот чај ги одбива штетниците
Ако во просторијата каде се чуваат растенијата влажноста на воздухот е голема со соодветна температура може многу брзо да се развијат гливични заболувања.
Состојките на чајот имаат позитивно влијание на цвеќињата, но малку мина знаат дека истите тие состојки може да се корисни за ратенијата во градината или на терасата.
Различни врсти чаеви, покрај оросувањето , имаат разни придобивки кои може цвеќињата да ги направат поубави и да ги заштитат.
Прашината е непријател број два на билките. Сојузник во борбата против прашината е оросувањето на двеќињата.
Прашината на листовите ја оневозможува фотосинтезата кја растенијата, па тие не може правилно да се прехрануваат.
Ова е причина големите листови да ги оросувате во текот на целата година и да се бришат со влажна крпа.
Како да го направите оросувањето?
Саксијата во која расте цвеќето ставете ја во најлонска кеса, заврзете ја за да не се слева вода во земјата, па листовите нежно оросувајте ги, со пумпица или туширајте ги, неколку минути со вода на собна температура.