Пчела работничка е најбројна во пчелната заедница и има различна улога во зависност од нејзината возраст.
Пчелите се најважните инсекти од кои зависи опстанокот на планетата. Тие опрашуваат 1/3 од растенијата кои ги консумираме. Пчелната заедница е една од најорганизираните. Составена е од: пчели работнички, матица(кралица ) и трут. Животниот век кај сите е различен. Секој вид има свои задачи , но функционирањето на целата пчелна заедница зависи од ангажирањето на сите поединци.
Големината на пчелното семејство зависи од матицата и нејзината репродукција.
Индивидуално без меѓусебна помош не може да опстанат.
Сите три вида имаат три фази во својот развој: јајце, ларва и кукла. Должината на развојната фаза кај секој е различна. Од јајцата кои не се оплодиле ќе се изведат трутови, останатите ќе бидат женски пчели. Дали ќе бидат пчели работнички или матици најмногу зависи од исхраната во текот на својот развој. Ако ларвата добива повеќе матичен млеч ќе израсне во матица, а ако се храни повеќе со мешавина од мед и полен ќе израсне во пчела работничка.
Животниот век на пчелата работничка е од 30-45 дена. Подолго живеат пчелите родени во текот на летото. Тие имаат задача да го одржуваат пчелното семејство во текот на зимските месеци.
Во зависност од тоа колку е стара пчелата работничка ги има следниве задачи:
– 1-2 дена старост имаат задача да ги чистат келиите, а почнуваат од нивната каде што се родени. Исто така имаат задача да ја одржуваат температурата на леглото
– 3-5 дена старост нивната задача е да ги нахранат старите ларви
– 6-11 дена старост тие имаат одговорност да ги нахранат најмладите ларви
– 12-17 дена старост тие произведуваат восок, носат храна, градат основи и имаат должности за расчистување на улиштето
– 18-21 дена старост тие го заштитуваат пчелното семејство и имаат функција на обезбедување на влезот на пчелното семејство
– 21 ден до крајот на животот (40-45 дена) тие летаат надвор од улиштето и собираат полен, нектар, вода итн.
СЦЗРР