Совети за почетници

Совети за почетници

 Колку семе е потребно кога сакате да посадите некое растение? Одговорот на ова прашање не е едноставен бидејќи зависи од повеќе фактори.

Подолу можете да прочитате објаснување за оваа „равенка“ со повеќе непознати.

Во оваа равенка влегуваат големината и староста на семето, како и очекуваната стапка на ртење на семето.

Старост на семе

Ртењето обично е напишано на сите вреќи со семиња, а на тоа влијае староста на семето. За очекување е дека семките ќе бидат свежи кога ќе се пакуваат, но после тоа единствена индикација за нивната старост е датумот на истекување означен на пакувањето. Сепак, без разлика на рокот, некои семиња се добри и по неговото истекување. На пример, можеби ви останале семки од зеленчук од минатата година или сте добиле кесичка со семки од некого. Тие семиња веројатно сè уште ќе никнат, но токму таква е ситуацијата кога ќе го зголемите бројот на семиња по дупка. Некои градинари садат најмалку две до три семиња, за секој случај.

‘Ртливост на семето

Да речеме дека сте засадиле 3 семиња по дупка (во земја или саксија). Во зависност од процентот на ртење и свежото семе, ќе добиете две до три растенија. Оставете ги да растат заедно. Ако само едно од нив е со врвен квалитет, пресечете ги другите две. Не кинете ги, односно не ги извлекувајте од саксијата, за да не ги повредите корените на растението што сакате да го чувате.

Големина на семе

Ако садите растенија кои имаат семиња со средна големина, а семките се стари, се препорачува да не се засадуваат повеќе од 3 семиња по дупка. Ако зборуваме за поголеми растенија и поголеми семиња, доволно е само едно. Ако сакате одреден број на растенија во саксија или ако сакате саксијата да изгледа „побогато“, засадете големи семиња едно до друго. Подоцна можете да ги пресадите оние  растенија кои се премногу блиску една до друга. Запомнете, потребен е добар проток на воздух околу садниците.

Некои семиња имаат густ надворешен слој. Тие треба да се натопат преку ноќ. Некои семиња не треба да бидат покриени со земја бидејќи им е потребна сончева светлина за да ‘ртат. Ако садите растенија кои имаат такви семиња, а ставате повеќе семиња во саксија, не дозволувајте семињата да ја блокираат светлината меѓусебно. По желба, семките можете да ги покриете со слој перлит или крупен песок за да допре светлината до нив.

Одгледувањето растенија од семиња е најдобриот начин да се добијат необични сорти, а тоа е поевтино од купување готови садници.

Извор: Агромедиа