Советодавно-информативен насатан во Општина Могила

Советодавно-информативен насатан во Општина Могила

Во насока на  навремено и точно информирање Советодавен центар за земјоделство и рурален развој Битола ја одржа првата од трите предвидени средби со земјоделците.

Првиот советодвно-информативен настан се одржа со земјоделците од општина Могила.Општина Могила е една од најразвиените рурални општина во Пелагонискиот регион чиј економски развој најмногу се темели на рзвојот на земјоделскиот сектор.

Земјоделците од оваа општина имаат голема поддршка од градоначалникот на општината Драганчо Саботковски кој на самиот почеток од настанот ги поздрави присутните укажувајќи на тоа дека навременото информирање е од голема важност.

Обраќање на Саботковски

Пред присутните, кои ги имаше во голем број беше презентирана  Мерка 1- Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства од ИПАРД 3 Програмата.

Кои се целите на оваа мерка, кој може да аплицира, кои се прифатливи проекти, поблиски критериуми како и начин на финансирање беа сегментите кои им беа објаснети на земјоделците.

Покрај информативниот дел денешната средба имаше и советодавен карактер. Секој совет секогаш е добредојден, а за тоа се погрижи Стевче Манивиловски – дипломиран агроном кој одржа презентација за Правилна употреба на ѓубрива.

Целиот настан се одржа во соработка со фирми за земјоделска механизација: Хемометал, Евро – Стил и Агровојводина.

Следниот советодавно-информативен настан ќе се одржи на 17 февруари со земјоделците од општина Новаци со почеток од 15 часот.

Бидете со Советодавен центар за земјоделство и рурален рзвој ДООЕЛ „Триумф Консалтинг“ Битола затоа што само добро информиран и едуциран земјоделец може да оди и да се развива во вистински правец.

СЦЗРР