Денес кога се одбележува 8 март меѓународниот ден на жената потсетуваме на улогата што ја имаат жените, посебно земјоделките. За нивната борба да се произведе повеќе, но и нивната достоинствена борба за своите права прифаќајќи ги сите предизвици што им ги наметнува животот.
Нека е честит Меѓународниот ден на жената 8 март. Честитки за сите земјоделки.
Бидете горди што сте жени. Она што вие го правите е безвременско.
Чекорете достоинствено и храбро бидејќи вие ја водите најтешката битка – производството на храна.
Борете се и не срамете се да ги покажете вашите чувства.
Борете се и барајте ги вашите права. Не плашете се да ја покажете вашата сила, мудрост и убавина. Ја имате најтешката и најубавата улога во светот.
Среќен 8 март.
СЦЗРР