Финансиска поддршка за трошоци за амбалажа на извезен ориз

Финансиска поддршка за трошоци за амбалажа на извезен ориз

До 15-ти Февруари активен е јавниот повик за субвенционирање на трошоци за амбалажа за извезен ориз со потекло од Северна Македонија- објави директорот на платежната агенција Никица Бачовски.

Висината на поддршката изнесува :

  • 2,5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 гр
  • 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1 кг
  • 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1кг или по пакување во најлонска амбалажа од 3 до 5 кг.

Корисници на оваа финансиска поддршка можат да бидат правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Поддршката се однесува на извоз направен во период од 01.07.2023 до 31.12.2023

За повеќе информации на следниот ЛИНК